7 тренди модни парчиња кои сме во искушение да ги купиме, но не треба (не се практични)
Минијатурни чанти и многу широка облека – само затоа што нешто изгледа добро на фотките на инфлуенсерките, не мора да значи дека е практично во реалноста.
Последниве неколку години сите црпиме инспирација од познатите жени и модните инфлуенсерки.
Но, неретко забораваме дека дел од работите што ги гледаме кај нив само изгледаат добро на фотографија, а во реалноста не се многу практични.
Кои додатоци и облека е најдобро да не ги купувате?
Многу широка облека
Иако е удобна, многу широката облека не е секогаш лесна за комбинирање.
Односно, треба да бидете навистина внимателни ако не сакате да изгледате како да сте маскирани.
Тесно кожено здолниште
Овие здолништа изгледаат мошне атрактивно, но не се воопшто удобни за носење.
Го ограничуваат движењето на нозете, а ако времето е потопло, сигурно ќе „се сварите“.
Затоа, давајте им предност на пошироките кожени здолништа.
Минијатурни чанти
Можеби изгледаат добро на фотките на инфлуенсерките, но овие чанти нема да ви служат за ништо.
Во нив тешко дека ќе успеете да ставите нешто.