7 тренди модни парчиња кои сме во искушение да ги купиме, но не треба (не се практични)
Долга зимска јакна
Долгите јакни топлат повеќе, но навистина е важно за каков модел станува збор.
Избегнувајте ги гломазните и многу дебели јакни бидејќи значително ќе ви го ограничат движењето.
Ако сакате долг модел, подобро одберете некој квалитетен капут.
Чанти без прерамки
Слободно купете си ваква чанта, но внимавајте каде ќе ја носите.
Ако треба да се движите, чантата само ќе ви претставува проблем.
Доколку излегувате во ресторан или одите на место каде што генерално ќе седите, тогаш слободно носете ја.
Џемпери со разголени рамена
Штом рамената се разголени, џемперот ја губи поентата.
Во зима сигурно ќе смрзнете ако облечете ваков џемпер.
Чизми за снег со штикла
Штом надвор има снег, треба да се осигурите дека ќе носите стабилни чизми.
Моделите со високи потпетици се далеку од тоа.
Иако можеби некои модели се удобни, не вреди да ризикувате да се движите по мраз со штикли.
Спирова С. | Црнобело