Јелена Спенџарска со саканиот, Светлана Црнокрак во друштво на семејството: Атмосферата на третата вечер од Скопски моден фестивал 2023 (фото)
Ивана Кнез ја отвори последната вечер од Скопски моден фестивал 2023, а меѓу присутните беа бројни познати личности и инфлуенсери, како Јелена Спенџарска и Светлана Црнокрак. Атмосферата на настанот, преку објективот на CRNOBELO.com.
Синоќа се одржа третата и последна вечер од овогодишниот Скопски моден фестивал, а посетителите имаа можност да уживаат во четири модни ревии.
На настанот во дискотеката PURE имаше бројни познати личност и инфлуенсери, како и луѓе кои ја сакаат модата.
Јелена Спенџарска, Светлана Црнокрак и Сергеј Варошлија се дел од познатите кои уживаа во спектакуларната ревија на Ивана Кнез, како и во ревиите на Ѓорѓе Башчаревиќ, Martini Vesto by Bosko и La Maison Cece T.