Најспецифичните машки модни изданија од посетителите на Скопски моден фестивал 2023 (фото)
Oд впечатливи модни додатоци до елечиња со уникатен крој, кои од машките посетители на Скопскиот моден фестивал не се плашеа да експериментираат кога е модата во прашање и да ги привлечат погледите?
Вчера (28.09) се одржа спектакуларно отворање на „Skopje Fashion Festival“ (Скопскиот моден фестивал) во дискотеката „PURE“, а на првата вечер свои ревии имаа дизајнерката Елена Лука, потоа новиот бренд Сербез (Serbez) имаше деби ревија и на крај одново пред нашата публика со ревија се претстави косовската дизајнерка Илка Брада (Yllka Brada).
Се славеше модата со овој настан, кој се одржува традиционално веќе трета година по ред и е дел од препознатливите културни збиднувања во градот Скопје
Некои од присутните одеа на безбедна варијанта кога станува збор за стајлингот, додека други не се плашеа да експериментираат и да ги привлечат погледите.
Најспецифичните машки модни изданија од Скопски моден фестивал 2023: