Модата на втората вечер на Скопски моден фестивал 2023: Што облекоа посетителите? (фото)
- Детали
- сабота, 30 септември 2023
Манекенката и наставничка Маја Глигоровска ја отвори вечерта во креација на Bianca Sposa, а потоа носеше едноставен, но впечатлив црн фустан. Дизајнерката Ива Спасовска носеше комплетно розова комбинација, а Калтрина се појави во црно-бела варијанта. Посетителите на првата вечер од Скопски моден фестивал, низ објективот на CRNOBELO.com. Кој е вашиот фаворит?
Синоќа (29.09) се одржа втората вечер на Skopje Fashion Festival (Скопскиот моден фестивал) во дискотеката PURE.
На настанот своја ревија имаше Bianca Sposa, а своите креации ги покажаа и студентите на Факултетот за уметност и дизајн од Меѓународниот балкански универзитет.
Како и првата вечер, на фестивалот присуствуваа бројни познати лица, вклучувајќи инфлуенсери, како и љубители на модата.
Манекенката и наставничка Маја Глигоровска ја отвори втората вечер на Скопски моден фестивал во креација на Bianca Sposa, а потоа носеше едноставен, но впечатлив црн фустан.
Калтрина беше во црно-бела варијанта, дизајнерката Ива Спасовска носеше комплетно розова комбинација, Мис Интернационал на Србија – Викторија Стојилковиќ се појави во свечена тоалета со победничката лента, а тиктокерот Александар Динев во младешки тексас аутфит.
Двете ревии успеаја да го задржат вниманието на бројните посетители, а вечерта ја заокружи младата Тамара Грујеска со нејзиниот прекрасен глас.
Преку објективот на фотографот на CRNOBELO.com – Александар Ристовски – можете да ги видите впечатливите модни изданија на присутните.
Утре ќе се одржи третата и последна вечер од Скопскиот моден фестивал, која ќе биде во склоп на Бела ноќ.