Доказ дека Марго Роби е вистинската Барби - актерката мами воздишки во аутфитите на познатата кукла (фото)

На промотивната турнеја на филмот Barbie, Марго Роби уште еднаш покажа зошто е совршен избор за улогата на Барби – на секоја проекција, актерката се појавуваше во комбинации кои се идентична копија на стајлинзите на популарната кукла.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-01.jpg

Филмот Barbie руши рекорди со гледаност и заработка неполна недела откако почна да се прикажува во киносалите ширум светот.

Носталгијата што ни ја буди познатата кукла, во комбинација со одличната актерска екипа и талентираната режисерка Грета Гервиг, Barbie беше еден од најочекуваните филмови за ова лето.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-11.jpg

На промотивната турнеја на филот Barbie, Марго Роби само потврди дека е совршениот избор за улогата на култната кукла.

На проекциите на филмот низ САД, 33-годишната актерка се појавуваше во комбинации инспирирани од Барби кои се идентични со аутфитите на куклата до најситниот детаљ.

Во повеќето комбинации доминира розовата боја која е синоним за Барби.

Комбинациите на убавата Марго инспирирани од Барби:

На премиерата во Лос Анџелес актерката носеше долг, тесен фустан со светки, украсен со чипка на долниот дел, во комбинација со црни ракавици и впечатлив ѓердан.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-02.jpg

Марго во шарено кратко фустанче со розови штикли и розова чанта.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-03.jpg

Во Мексико Сити, актерката носеше розов мини фустан со корсет, во комбинација со розови штикли, сребрен колан и сребрени обетки.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-04.jpg

На прес-конференција во Сеул, актерката се појави во розов костим и кроп-топ маичка украсени со сребрени нитни, во комбинација со розова чанта во форма на срце.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-05.jpg

Актерката во розов костум во комбинација со шешир. Интересен детаљ е огромниот фиксен телефон украсен со кристали.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-06.jpg

Марго изгледаше прекрасно во фустан со розово здолниште и светкав корсет.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-07.jpg

На промоцијата во Сиднеј, актерката се појави во црно-бело фустанче инспирирано од оригиналната Барби кукла од далечната 1959 година.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-08.jpg

На фотосесија во Холивуд, актерката носеше краток розов фустан со бели точки и исечок под градите, во комбинација со бели штикли и жолта чанта.

rozovi-fustanchinja-retro-detali-kombinaciite-na-margo-robi-inspirirani-od-barbi-na-promocijata-na-filmot-barbie-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg