Трикови со кои Италијанките изгледаат свежо и со стил дури и на пеколни горештини
Во Италија и дамите постари од 60 години не се плашат да излезат во јавност со интересна чанта или шарена марама и впечатлив стил.
Италијанките имаат стил на кој можат да му позавидат скоро сите жени во светот (освен можеби Французинките). Без оглед на возраста, тие секогаш успеваат да изгледаат елегантно и со стил. Дури и кога надвор се пеколни горештини, тие секогаш делуваат свежо.
Ова лето обидете се да примените некој од нивните трикови и да му дадете доза на италијански шарм на вашиот стил.
Преферираат монохроматска облека
Италијанките избегнуваат премногу шарена облека. Ако шетајќи низ Италија видите дама со шарен фустан, шешир, стилски очила за сонце и прекрасни чевли, поверојатно е дека станува збор за туристка, отколку за Италијанка.
Дури и летната гардероба на Италијанките најчесто се состои од една боја, а омилена им е црната.
Впечатливи аксесоари
Монохроматската облека Италијанките ја дополнуваат со многу впечатлив накит, свилени шамии, скапи очила за сонце, луксузни јанти и необични шапки.
Најважно е сите овие парчиња да можете да ги искомбинирате едно со друго, а тоа да не делува пренападно.
Во Италија и дамите постари од 60 години не се плашат да излезат во јавност со интересна чанта или шарена марама.
Бела маичка за секоја комбинација
Скоро и да не постои Италијанка која не поседува класична бела маичка, а може да се комбинира со фармерки, кратки панталончиња, здолништа, со патики, високи потпетици, сандали.
Кога на тоа ќе облечат и палто, веднаш добиваат поформален изглед.
Скапи и удобни чевли без потпетици
Високите потпетици не се погодни за италијанските калдрми, особено на високи температури.
Токму затоа Италијанките имаат по неколку пара рамни чевли и сандали кои се и удобни за пешачење и изгледаат убаво.
Не излегуваат од дома без кармин
Италијанките ставаат црвен кармин во секоја сезона, дури и на лето. Сепак, има и такви кои преферираат корални или портокалови нијанси кога времето е многу топло.
Но, тие не излегуваат од дома без кармин и повеќе користат кармини отколку сјаеви за уста.
Немаат маникир во лето
Италијанките не обрнуваат многу внимание на своите нокти преку лето.
Тие најчесто не ги лакираат и оставаат да „се одморат“ од третманите што ги прават во останатиот дел од годината.
Едноделен костим за капење
За Италијанките ништо не може да го замени едноделниот црн костим за капење.
Безвременска класика, која ја украсуваат со многу асесоари.
Фустанот може да е кус, но деколтето да е скромно
Дури и преку лето овие дами избегнуваат да покажат премногу. Па дури и кога ќе изберат кус фустан или здолниште, деколтето е секогаш покриено и скромно.
A. J. | Црнобело