Топ 3 трендови за матурски фустани за 2023, според дизајнерката Моника Коцарева

„Фустаните се она што е највпечатливо на матурската вечер, па зошто да не направиме тие да останат запаметени? Смел тренд од 2023 е спојување на раскошноста и елеганцијата со светкави материјали и долги делови кои се влечат на подот“, споделува, дизајнерката Моника Коцарева и открива кои се 3-те топ трендови за матурантки за годинава.

top-3-trendovi-za-maturski-fustani-za-2023-spored-dizajnerkata-monika-kocareva-01.jpg

Моника Коцарева од Охрид работи како дизајнерка години наназад, а нејзиното Ателје Коцарева како бренд постои веќе 8 години.

Таа вели дека постојано работат на нови и уникатни кроеви, како и на нивниот квалитет.

Заедно со нејзиниот тим при дизајнирањето на модели во преден план ги става жените со храбар карактер и тргнува од нивните потреби за удобност, леснотија во движењето, претпочитајќи во исто време функционалност, иновативност и уникатност, следејќи ги линиите на женското тело.

Сакаат да ги поместуваат границите од стереотипите и да создадат нешто што ќе остави белег за колекцијата да биде препознатлива.

Во овој дел од годината Моника вели дека најактуелни се матурантките, па за CRNOBELO.com споделува топ 3 трендови за матурантки за 2023 година:

Драматични кроеви и долги додатоци од половина

Фустаните се она што е највпечатливо на матурската вечер, па зошто да не направиме тие да останат запаметени?

Овој смел тренд од 2023 ја спојува раскошноста и елеганцијата со светкави материјали и долги делови кои се влечат на подот.

За овој тренд полн погодок би бил сирена крој на модел, кој е изработен од чипка со ситно везени кристали и додаток на струк од материјал во истата боја.

top-3-trendovi-za-maturantki-za-2023-spored-makedonskata-dizajnerka-monika-kocareva-06.jpg

Светкави рачно работени материјали со многу монисти

Вашата матурска вечер е вашата ноќ да блеснете – буквално и метафорично. Ништо не го претставува гламурот повеќе од светкавите материјали.

Но, не какви било. Оваа година најактуелни се везените материјали со огромен број рачно везени кристали и монисти.

Овие фустани се многу тешки за работа, а и најдобро стојат на поедноставни кроеви како „pencil skirt“ и „A line dress“.

top-3-trendovi-za-maturantki-za-2023-spored-makedonskata-dizajnerka-monika-kocareva-09.jpg

Безвременски корсети

Фустаните кои се со истакнати жици на корсетите се на топ-листа за трендови од оваа година.

Ова не е изненадувачки со оглед дека корсетите може да бидат во многу различни форми изведени, во зависност од градбата на девојката, така што скоро секој може да се пронајде во овој тренд.

Оваа комбинација на фустан со корсет во горен дел би бил фантастичен избор доколку сакате да додадете деликатна и женствена нота во вашата креација.

Матурите се за многу скоро време, а вие очигледно ќе бидете ѕвезда на вашата вечер.

top-3-trendovi-za-maturantki-za-2023-spored-makedonskata-dizajnerka-monika-kocareva-15.jpg

Повеќе предлог фустани за матурантки од Моника Коцарева:

top-3-trendovi-za-maturantki-za-2023-spored-makedonskata-dizajnerka-monika-kocareva-14.jpg

top-3-trendovi-za-maturantki-za-2023-spored-makedonskata-dizajnerka-monika-kocareva-13.jpg

top-3-trendovi-za-maturantki-za-2023-spored-makedonskata-dizajnerka-monika-kocareva-12.jpg

top-3-trendovi-za-maturantki-za-2023-spored-makedonskata-dizajnerka-monika-kocareva-11.jpg

Повеќе фустани на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен то...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg