5 трендови за диоптерски очила кои во 2023-та ќе ги гледате насекаде
Проѕирни рамки за очила: Овие очила се совршени за миговите кога сакате вашата шминка да дојде до израз.
Секое утро се шминкате, ја средувате косата и ги ставате вашите диоптерски очила, се разбира, доколку имате проблеми со видот.
Но, едноставно се нервирате кога половина лице го прекривате со вашите здодевни стари очила. Звучи познато, нели?
Како во 2023-та да го освежите изгледот?
Трендови за диоптерски очила во 2023-та:
Очила што изгледаат како жица
Минималистички се и му даваат нова свежина на класичниот стил.
Округли рамки за очила
Мина многу време од Џон Ленон, но овие очила ќе се носат повторно. Му даваат контраст на обликот на вашето лице и привлекуваат внимание кон вашите веѓи.
Проѕирни рамки за очила
Овие очила се совршени за миговите кога сакате вашата шминка да дојде до израз.
Новиот тип на мачкести очила
Го носат шармот од 30-тите, но годинава мачкестиот дел им е пократок и во тренд се нови, повпечатливи дезени.
Впечатливи рамки за очила
Додајте боја на вашиот изглед, особено кога стајлингот ви е монохроматски.
С. С. | Црнобело