Бел фустан со секси исечоци од ZARA е хит за пролет 2023 – ќе го гледате на сите модерни девојки (фото)
Белиот ZARA фустан што е хит кај инфлуенсерките е одличен за дневни и вечерни излегувања, а изгледа добро и со штикли, и со рамни чевли. Поради едноставноста на моделот, можете да го комбинирате и со секаков накит.
Конечно почнува сезоната на фустани и низ продавниците можете да најдете одлични модели.
Модните инфлуенсерки веќе имаат свои фаворити, а помеѓу најпопуларните е бел фустан од ZARA кој беше достапен и во Македонија, по цена од 2.990 денари, но брзо се распродаде.
Станува збор за долг, плисиран модел со долги ракави и исечоци од страните кај половината.
Елегантниот фустан можете да го комбинирате со рамни сандали или балетанки за дневни излегувања, но и со салонки или сандали со штикли за вечерни комбинации.
Поради едноставноста на моделот, можете да го комбинирате со каков било накит – од минималистички, до впечатливи парчиња.
Неколку предлог комбинации со хит фустанот од ZARA:
https://www.instagram.com/p/Co4Y0mQKuDH/
Спирова С. | Црнобело