10 начини на кои самите (непотребно) си го отежнувате бракот

Мора постојано да сте во право

Нема личност која секогаш е во право – кога-тогаш сите ќе направиме грешка.

Ова важи и за вас, без разлика колку ви е тешко да го прифатите.

Кога партнерот ќе ви рече дека грешите за нешто, за миг погледнете ја ситуацијата од негова перспектива и добро размислете дали можеби е во право.

Не работите на комуникацијата

Партнерот не може да ги чита вашите мисли, што значи не може да очекувате да знае што сакате или не сакате.

Залудно изгледате гневно или пререкувате нешто надевајќи се дека партнерот ќе сфати што ве мачи.

Бидете директни и споделувајте ги вашите потреби.

10-nachini-na-koi-sami-nepotrebno-si-go-otezhnuvate-brakot-05.jpg

Одбивате да се извините

И вие и партнерот ќе правите грешки во бракот, тоа е неизбежно.

Но, она што е важно е да си ги признаете грешките и да се извините.

Во спротивно, само ќе го влошувате односот меѓу вас.

Премногу се грижите за партнерот

Нормално, треба да бидете загрижени за потребите на партнерот и неговите емоции, но не претерувајте.

Немојте да се однесувате како да сте му родител и постојано да го прашувате како е, дали му треба нешто и слично.

10-nachini-na-koi-sami-nepotrebno-si-go-otezhnuvate-brakot-02.jpg

Се однесувате незрело

Ако се пронајдовте во сите точки досега, слободно може да се каже дека настојувате да се однесувате незрело.

Што побрзо поработите на овие недостатоци кај вас, толку побрзо ќе ги решите проблемите во бракот и ќе бидете среќни.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg