7 секс пози за есен, совршени за по Нетфликс маратон (18+)
Поза „огнено спојување“: Оваа поза дефинитивно потсетува на есен. Топли прекривки, меки перници и длабока пенетрација. Вашиот кревет ќе се претвори во вистинско љубовно гнездо.
Студените есенски ноќи се на прагот и веќе нема оправдувања од типот „Вечерва е претопло за да имаме секс“.
Есента е пријатна и совршена за прегратки и интимни допири.
По долгите Нетфликс маратони, вечерта завршете ја со секс. Дозволете си да „потонете“ меѓу чаршафите и да се поврзете со партнерот како никогаш претходно.
Совршени секс пози за есенските денови:
Поза „грижа за него“
Доколку сакате орален секс, започнете со оваа поза. Седнете го партнерот на столче, врзете му ги рацете и кажете му дека вие ќе се погрижите за него.
Поза „лист на ветрот“
Тој нека легне со раширени нозе, а вие легнете од другата страна и нозете ставете ги на неговите раменици, а напред држете го за раце за да може да ве движи.
Движењето треба да изгледа како лист кој трепери на ветрот.
Поза „сезона на жетва“
Вие треба да бидете потпрени на дланките или на лактите на земја, а тој да ве држи за нозете во воздух. Додека пенетрира тој го диктира темпото. За оваа поза треба да имате силни раце.
Поза „зачинета лажичка“
Во секс позата лажичка, додека тој е зад вас, раширете ги нозете најмногу што можете, дури едната можете да ја ставите и зад него за тој да има слободен простор за игра со прстите на вашиот клиторис.
Може да користите и вибратор, а и ногата долу нека ви биде свиткана.
Поза „цврст стисок“
Тој нека легне зад вас, а вие со едната нога цврсто обвијте го, за да може длабоко да пенетира во вас. Гледајте го преку рамото за да се поврзете на еден уште поинтимен начин и да се гледате во лице додека доживувате оргазам.
Слична е со секс позата „зачинета лажичка“, но поставеноста на нозете е поинаква.
Поза „секси милување“
Оваа поза е совршена комбинација на прегратки и секс. Лежите еден кон друг, се гледате лице во лице, ја обвивате ногата преку него и пенетрацијата е под поинаков агол, а вие полека се доближувате до врвот.
Поза „огнено спојување“
Оваа поза дефинитивно потсетува на есен. Топли прекривки, меки перници и длабока пенетрација. Вашиот кревет ќе се претвори во вистинско љубовно гнездо.
С. С. | Црнобело