Секс терапевт открива совети кои гарантираат одличен сексуален живот (18+)
Сексуалните односи се исклучително битен аспект од една здрава и долготрајна врска. Но, не секогаш ни е дојдено „до тоа“ и понекогаш наоѓаме изговори како да го избегнеме.
Сексуалниот терапевт Меган Флеминг открива како можете секојпат да имате фантастичен секс:
Предигра во текот на денот
„Можете да ја започнете предиграта во текот на денот. Таа не треба да се ограничува на само три минути пред сексот“, вели таа.
Секси пораки, заедничко туширање и задевања во текот на денот може да доведат до одличен секс навечер.
Планирајте време за секс
За оние со деца или милион обврски во текот на денот, наоѓањето време за секс е исклучително важен елемент за добар сексуален живот.
„Некои парови деновиве се толку зафатени што ако не одвојат време за секс, нема ни да го имаат“.
Излезете од рутината
Не треба ништо драстично да менувате во вашиот сексуален живот – само една мала промена може да направи чуда.
На пример, ако обично имате секс навечер, обидете се да го направите тоа наутро; ако вообичаено сте во спалната соба, пробајте ја бањата или кујната.
Одржувајте го вашиот сексуален нагон
Иако можеби сте уморни кога ќе се вратите дома од работа, не дозволувајте уморот да ве лиши од секс. Водењето љубов е одличен начин за да се ослободите од негативната енергија.
Разговарајте со партнерот за вашиот идеален секс
Комуникацијата е најважниот аспект во врската, вклучително и во сексот. Разговарајте со партнерот за идеалното сценарио и не двоумете се да навлегувате во ситните детали.
Откако ќе сфатите што е идеално за двајцата, дури и мала промена може да направи чуда за вашиот сексуален живот.
Грижете се за себе
Грижата за вашето тело и ум ќе ве направи уште попривлечни за вашиот партнер/ка. И ќе се чувствувате многу подобро.
Не сфаќајте го лошото расположение на партнерот премногу лично
Сите имаме добри и лоши денови, а кога партнерот е нерасположен честопати мислиме дека тоа е наша вина.
Кога тоа ќе се случи, најдобро е да се грижите за сопственото расположение и да му дадете простор на партнерот, предложи Меган.
„Само опуштено“, изјавува таа.
(О)Милена | Црнобело