Дали се однесувате како партнерка или како мајка? 5 работи што жените ги прават (и ја уништуваат врската)
Улогите во врската и бракот треба да бидат целосно еднакви. Никој од партнерите не би требало да ја презема улогата на родител на другиот. Но, општопознато е дека тоа не секогаш е така.
Сосема е нормално и пожелно да се грижите за саканата личност, но не смеете да дозволите таа грижа да прерасне во опсесија и да се претвори во глумење родител на партнерот.
Кои се знаците дека се однесувате како родител, а не како рамноправен партнер во односот?
Се расправате без да барате и да донесете решенија
Кавгите се составен дел од врската и се сосема нормални, но не смеат да станат бесцелни. Целта секогаш треба да биде да се најде решение кое е добро за двајцата. Кога ви снемува решенија и не чувствувате потреба да ги најдете, тоа е лош знак за вашиот однос.
Чистите и собирате зад партнерот
Доволно сме возрасни и способни да се грижиме за себе, па нема потреба постојано да одиме да чистиме по некого или да собираме туѓи расфрлани работи.
Ќе биде многу подобро доколку подеднакво ги делите домашните обврски и уживате во тоа. Вие имате партнер, а не бебе.
Барате изговори за лошото однесување
Доколку постојано го оправдувате неговото лошо однесување и негрижа со бесмислени изговори, тоа е знак дека се однесувате како мајка, а не како девојка или сопруга. И обратно.
Сакате да имате целосна контрола врз партнерот
Доколку имате потреба да знаете сè во секое време од денот и ноќта – каде е партнерот, со кого, како е облечен, што мисли итн, вашата врска е осудена на пропаст.
Не можете да држите сè под контрола и морате да му дозволите на партнерот сам да донесе некои одлуки, а не секогаш да го чека вашето одобрување.
Постојано му приговарате
Никој не сака да слуша постојано викање и вечно незадоволство. Ова не е пожелно во ниту една врска или брак.
Ќе се претворите во здодевна личност на која ништо не ѝ одговара и на тој начин ќе ја прекинете врската во која сте се однесувале како типичен родител.
(О)Милена | Црнобело