Јога пози што можете да ги примените во сексот - ветуваат незаборавен оргазам (18+)
Секс инспириран од јога? Зошто да не? Дури и доколку не сте премногу флексибилни и не сакате да вежбате, погледнете кои пет јога пози можете да ги користите и како секс пози.
За да ги изведете овие пет јога пози не треба да сте експерт или јоги-мастер, а ќе можете да внесете нешто ново и поинакво во сексуалниот живот.
Еве една одлична можност да вежбате јога и да имате секс истовремено, а секоја поза има по некоја своја добра страна за време на сексуалниот чин.
Погледнете кои јога пози може да ги користите и како секс пози:
Мост
Легнете на грб со стапалата поставени во ширина на колковите, почнете полека да се кревате сѐ додека колената не ви се во иста височина со колковите.
Оваа поза ги истегнува мускулите во пределот на колковите, а истовремено ја затегнува вагината и има сличен ефект како кегелови вежби и ги подобрува оргазмите.
Истегнување на мачка-крава
Дланките поставени на земја треба да бидат во иста ширина со рамениците, а колената во ширина на колковите. Менувајте ги позициите од истегнување надолу во поза на мачка (слика: 1) кон истегнување на нагоре (слика: 2).
Оваа поза исто така ги истегнува кегеловите мускули, па ви овозможува да ги контролирате оргазмите.
Среќно бебе
Легнете на грб и кренете ги нозете со колената спуштени во близина на градниот кош. Задржете ги стапалата со рацете.
Оваа поза ги истегнува вантрешните мускули и ја подобрува циркулацијата, а ве прави посмирени, го отвара карличниот предел и го одмора ‘рбетот.
Оваа поза исто така го зголемува либидото и овозможува стимулација на клиторисот.
Кобра
Легнете на стомак со брадата на постилката или на креветот и ставете ги дланките во ширина на рамениците. Земете воздух и кренете ги градите, а колковите и нозете треба да ви бидат залепени за подот.
Оваа поза ќе ви донесе поголема интимност со партнерот, а е идеална за оние што сакаат брз оргазам заради поставеноста на партнерите за време на интимниот чин.
Поза плуг
Легнете на грб и кренете ги нозете нагоре кон главата. Рацете треба да ги ставите под грбот за поддршка и нозете ги превиткувате кон лицето (исправени или свиткани во колената).
Оваа поза го стимулира телото во целост, го истегнува ‘рбетот, крвта целосно оди во мозокот и во делот од стомакот, а се верува дека ќе ви донесе неверојатен оргазам.
Б. С. Б. | Црнобело