Психолог открива: Мали знаци што укажуваат дека потсвесно „планирате“ да го изневерите партнерот
Дали е неверство само физичкото неверство или подеднакво го повредувате и партнерот кога вршите т.н. емоционално неверство? Кои знаци откриваат дека не сте задоволни во врската и можно е да го изневерите партнерот?
Во сериозна врска сте, но сакате отворено да флертувате со неговите пријатели, не се откажувате од профилите на апликациите за состанување и од комуникацијата со поранешното момче?
Британскиот ТВ психолог Ема Кени, говори за повеќе вакви знаци што укажуваат на тоа дека несвесно „планирате“ да го изневерите партнерот иако сте во сериозна врска.
Не се откажувате од апликациите за состанување
Веќе подолго време сте во сериозна врска и сте разговарале со партнерот дека не планирате да имате отворена врска, но сепак не се откажувате од апликациите за состанување и понекогаш прегледувате што има, да не налета некој подобар и позабавен.
Се дружите со некој што ви се допаѓа
Може да ви се случи да имате симпатии за одреден колега или за некој пријател, а тоа што не се откажувате од другарството и од сексуалната тензија, значи дека сте на чекор да паднете во искушение да направите и физичко неверство.
Комуницирате со поранешниот партнер (не само од почит и пријателски)
Сте раскинале одамна, веќе сте во нова врска, но не се откажувате од комуникацијата со поранешниот партнер. Тоа значи дека најверојатно сѐ уште имате чувства за поранешниот партнер или не сте го преболеле, па не можете во целост да се посветите на новата љубов.
Флертувате со пријателите на партнерот
Сакате да поминувате време со пријателите на вашиот партнер, а ако некој од нив ја премине границата (макар и на шега), не му давате до знаење дека не е во ред, туку ја продолжувате играта на навидум неопасен флерт.
Не признавате дека некој ви се допаѓа
Иако некој друг ви е симпатичен и ви се допаѓа, велите дека тоа не е така. На овој начин самите си ја саботирате врската и ја разнишувате довербата со партнерот. Можеби е добро навреме да го решите проблемот (макар и ако тоа е раскинување), за да не дојде до неверство.
Б. С. Б. | Црнобело