„Секс само во темница“ и уште 5 бизарни секс правила од минатото (ги имало во книги)
„Малку настани на светот може да го навредат мажот повеќе отколку жена која го диригира сексуалниот чин. Природата бара мажот да биде доминантен во креветот, повеќе од каде било на друго место“, пишува во книгата „What Men Don't Like About Women“ од 1945.
Позицијата на жената сега е рамноправна на позицијата на мажот во сите сфери од животот.
Но, во минатото не било така, а тоа се гледа и по секс советите кои се делеле во тоа време.
Можеби вашите баби живееле во време кога важеле вакви „секс правила“ и кога истите се пишувале и во книгите:
Мажот треба да доминира во креветот
„Малку настани на светот може да го навредат мажот повеќе отколку жена која го диригира сексуалниот чин. Природата бара мажот да биде доминантен во креветот, повеќе од каде било на друго место“, пишува во книгата „What Men Don't Like About Women“ од 1945.
Купете ја најскапата долна облека, но само со тантела и во розова боја
„Долната облека мора да биде беспрекорно чиста и секоја жена мора да носи најквалитетна долна облека. Најсоодветна боја е розова. Тантелата и карнерите додаваат на атрактивност на долната облека и се обожавани од страна на мажите“, пишува во книгата „Woman, Her Sex and Love Life“ од 1927.
Не читајте книги со секс сцени
„Читањето приказни поттикнуваат еротски и нереални идеи и описите на љубовта во романтични сцени во книгите може да предизвикаат реакција кај жените и абнормално навлажнување на интимните органи“, пишува во книгата „What A Young Woman Ought To Know“ од 1899 година.
Никогаш не се појавувајте голи пред него
„Мудра жена ќе ги избегне ситуациите во кои се појавува пред сопругот сосема гола, без облека, и нема да му дозволи ниту него да го стори тоа“, пишува во книгата „Sex Tips For Husbands and Wives“ од 1894 година.
Треба да имате секс само во темница
„Сексот ако може да биде одложен треба да се изведува само во комплетна темница“, пишува во книгата „Sex Tips For Husbands and Wives“ од 1894.
Не користете масла
„Понекогаш се препорачува да се користат масла за лубрикација на интимните органи пред сексот, но ова е лоша препорака. Маслото не е природен продукт за лубрикација на органите, тоа не е тајната на нашето тело и нанесувањето е спротивно на природата и е глупаво и нехигиенски“, пишува во книгата „Sane Sex Life and Sane Sex Living“ од 1919.
Што мислите денес за овие правила од минатите векови?
С. С. | Црнобело