„Најинтимната (несексуална) работа која ја правам со партнерот“

„Во мигот кога бев преплашена дека умирам тој ме стискаше за раката и ме тешеше дека нема. Го гледав во очите и гледав колку многу е исплашен, но тој поради мене остануваше смирен и  ми се смешкаше…“

najintimnata-neseksualna-rabota-koja-ja-pravam-so-partnerot-01.jpg

Да се има партнер е вистински благослов, со него покрај сексот имате многу други интимни мигови кои ве поврзуваат на едно повисоко ниво.

Жени на Reddit откриваат која е најинтимната (несексуална) работа што ја прават со партнерот:

„Еднаш имав многу лош паничен напад и тој ме внесе во неговиот автомобил, ме однесе кај него, ме качи во раце по скалите и се милувавме сѐ додека не се опуштив и не заспав. Ми повторуваше дека сум безбедна таму. Знае како да ме смири секојпат кога ќе ме фати паника.“

„Буквално, спиењето заедно. Кога ме милува по косата и му заспивам во прегратка. Тука има и интимност и ранливост.“

„Плачење заедно. Држејќи се за рака сме плачеле заедно многупати. Се венчавме многу млади и имавме многу проблеми, но уште сме лудо вљубени.“

najintimnata-neseksualna-rabota-koja-ja-pravam-so-partnerot-02.jpg

„Во мигот кога бев преплашена дека умирам тој ме стискаше за раката и ме тешеше дека нема. Го гледав во очите и гледав колку многу е исплашен, но тој поради мене остануваше смирен и  ми се смешкаше. Тоа беше најинтимниот момент во нашите животи.“

„Мојот партнер е уметник и некогаш ме црта сосема гола. Ме гледа, се концентрира и го испитува секој дел од мене. Тоа е супер интимно.“

„Мојот партнер мораше да оди на хемотерапија по вторпат во животот, беше блед, истоштен, без коса, јас му помагав да ги прави најосновните работи и тоа не поврза на еден толку интимен начин што не можам да ви опишам со зборови.“

„Секоја вечер јас си играм со неговата брада, додека тој ме чешка по косата. Така сѐ додека не заспиеме. Тоа ми е омилен дел од денот.“

„Се грижеше за мене кога имав стомачен вирус. Дечко што ја сака девојката додека таа не може да стане од шолја е за медал. А мора да нагласам дека тогаш бевме на почетокот од врската.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg