5 негативни последици од мастурбацијата за кои треба да знаете (18+)
Сексуалната мастурбација односно самозадоволувањето има многу позитивни придобивки. Меѓутоа, во некои случаи, постојат и неколку негативни ефекти кои треба да се имаат на ум.
Иако отсекогаш била табу-тема, мастурбацијата е сосема природна работа. Историските извори сведочат дека ја практикувале старите Грци и Римјани, па дури и на цртежите во пештери од праисторискиот период може да се најдат прикази на мастурбација.
Позитивните аспекти на мастурбацијата се познати, а во дел од нив спаѓаат: (само) задоволство, ослободување од стрес, опуштање, ослободување од грчеви во мускулите, поквалитетен сон и сексуален живот, остварување на сопствените желби
Но, далеку од тоа дека мастурбацијата нема никакви негативни ефекти, бидејќи таа може лошо да влијае на секојдневниот и сексуалниот живот (во некои случаи):
Чувство на вина
Една од најчесто споменуваните последици од мастурбацијата е нејзиното психолошко влијание, односно чувството на вина кое често ја придружува.
Иако овој вид на сексуално задоволство не е ниту погрешен ниту неморален, многумина сепак сè уште го гледаат како грешен или срамен чин.
Зависност
Во некои случаи, мастурбацијата може да доведе до зависност, на начинот сличен како со наркотици или алкохол. Доколку сте забележале дека поради мастурбација прескокнувате некои секојдневни активности или обврски, отсуствување од работа, откажувате планови во последен момент и слично, голема е веројатноста дека имате проблем кој бара разговор со стручно лице.
Полош сексуален живот
Постојат ретки, но можни случаи кај луѓе на кои мастурбацијата им го нарушува секојдневниот сексуален живот и повеќе би сакале да поминуваат време со себе и со порно филмови отколку со партнерот(ите), или повеќе не можат да го достигнат истото задоволство со друга личност како кога мастурбираат сами.
Физички проблеми
Во екстремни случаи на мастурбација, особено кај луѓе кои се зависни, може да се јави болка и модринки во пределот на гениталиите, едем на пенисот итн.
Оддалечување од партнерот
Доколку сте во врска и претерано мастурбирате, особено ако користите порно содржини како стимуланс, можете да ја уништите вашата емотивна врска со партнерот.
Бројни студии покажуваат дека филмовите за возрасни можат да го подобрат сексуалниот живот на двојката – без разлика дали ги гледате заедно за подобро искуство во креветот или одделно за да научите нешто.
Меѓутоа, доколку претерате со изложувањето на таква содржина, можно е емотивно оддалечување од партнерот бидејќи тоа создава нереални очекувања и ја намалува самодовербата.
(О)Милена | Црнобело