„Асексуалноста не е исто што и целибат“ - 25-годишна Британка отворено говори како е да се биде асексуалец
Моделот Јасмин Беноа (25) од Велика Британија во 2017 година отворено проговори дека е асексуалец. Таа вели дека околу вас има многу повеќе асексуалци од што мислите, само не се говори отворено за тоа.
Асексуалноста означува недостиг на сексуална желба, односно слаб интерес за сексуална активност.
На асексуалците им е тешко да одржат љубовна врска, поради недостигот од сексуален интерес, што често се смета за еден од најважните аспекти на романтичните врски.
Моделот Јасмин Беноа (25) од Велика Британија во 2017 година отворено проговори дека е асексуалец и стана активистка која вели дека асексуалните луѓе не се разбрани и сака да стави крај на недоразбирањата.
Таа ја поткренува јавната свест со содржини преку хаштагот #ThisIsWhatAsexualLooksLike. На асексуалноста гледа како на сексуална ориентација и смета дека луѓето треба да бидат третирани со почит, а не осудувани.
Јасмин вели дека асексуалноста не е исто што и целибат, затоа што целибатот е активен избор да немате секс. Асексуалноста не е нечиј животен избор, туку едноставно не чувствувате потреба за да имате секс со некого.
Не е точно дека вас не ве привлекува никој, ве привлекуваат луѓе, но не сексуално.
Таа вели дека околу вас има многу повеќе асексуалци од што мислите, само не се говори отворено за тоа.
Ниту ја поврзува асексуалноста со срамежливост или со проблем да се поврзете со луѓето, ниту ја класифицира како „нов тренд“, како што некои милуваат да ја наречат.
Вели дека мора да се говори отворено на темата за асексуалците да не се чувствувата изолирано и несфатено.
Прочитајте и „Немам потреба од секс“ – Млади луѓе откриваат што значи асексуалноста и го споделуваат нивното искуство
Повеќе фотки од Јасмин:
С. С. | Црнобело