5 причини зошто сексуалниот живот ви е здодевен и како да ја „разгорите“ врската (18+)

Се чувствувате дека кога сте интимни со партнерот, како постојано да ги повторувате истите работи, како сè да е механички и едноставно нема никаква возбуда. Кои се петте најчести причини поради кои се соочувате со овој проблем?

pet-prichini-zoshto-seksualniot-zhivot-vi-e-zdodeven-i-kako-da-ja-razgorite-vrskata-01.jpg

Во долгите врски, честопати може да се случи сексот може да стане рутина.

Често се смета дека доколку сексот во врската е лош, монотон, редок или здодевен, може да се случи партнерите да почнат да бараат задоволство на друго место, но како и за сè друго така и за лошиот или добриот секс се потребни двајца.

Во продолжение на текстот прочитајте кои се петте најчести причини зошто сексуалниот живот ви е здодевен:

Заморот не е изговор

Со текот на времето и откако ќе ја поминете фазата на „меден месец“ сексот повеќе не ви е приоритет и тоа е сосема во ред.

Но, во оној миг кога ќе почувствувате дека едноставно ве мрзи да бидете интимни со партнерот, тоа е моментот кога нешто не треба да промените.

Не мора да значи дека треба уморни да се фрлите во „акција“, но добро би било да најдете време да бидете интимни, наутро или среде ноќ, откако малку ќе одморите.

pet-prichini-zoshto-seksualniot-zhivot-vi-e-zdodeven-i-kako-da-ja-razgorite-vrskata-03.jpg

Знаете што ќе се случи од почеток до крај

Како постојано да го гледате истиот филм, одново и одново.

Кога секогаш го започнувате и го завршувате сексот на истиот начин, тоа значи дека сте западнале во рутина.

Добро би било да направите нешто што партнерот нема да го очекува, па најверојатно ќе ви возврати во иста мера и ќе успеете да направите некои промени во веќе предвидливото сценарио.

Се срамите да се обидете нешто ново

Постојат многу работи што би можеле да ги направите за да ја разбиете рутината, но се срамите да пробате нешто ново…

Но, самото тоа што сте подолго време со партнерот, тоа значи дека нема потреба зошто би ви било срам да предложите нешто ново, затоа што довербата и почитта се основа на секоја здрава врска, а тие најдобро се гледаат во сексуалните односи.

pet-prichini-zoshto-seksualniot-zhivot-vi-e-zdodeven-i-kako-da-ja-razgorite-vrskata-04.jpg

Не сте искрени што всушност сакате

Можеби потајно посакувате погруб секс, но не сакате тоа да му го кажете на партнерот или сметате дека ќе го навредите, затоа што тој обожава да ве гали и да внимава на вас.

Со текот на годините вие се менувате, а се менуваат и вашите желби во сексот, но ако не сте искрени кон себеси за тоа што е она што ви се допаѓа, тогаш не можете ниту да очекувате дека партнерот да претчувствува што е она што вие го посакувате.

Се оптоварувате со тоа да го задоволите партнерот

Ако веќе сте го навикнале партнерот дека приоритет во сексот ви е неговото задоволство, тогаш тешко ќе го одвикнете од тоа.

Добро е што сакате да го задоволите партнерот но кога премногу долго време вашите желби остануваат незадоволени, почнувате да чувствувате фрустрација што може да се пренесат и врз другите сегменти на врската.

Затоа добро е да ги задоволувате потребите на партнерот, но немојте да се запоставувате себеси.

pet-prichini-zoshto-seksualniot-zhivot-vi-e-zdodeven-i-kako-da-ja-razgorite-vrskata-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg