Исповед на девојка која 12 години крие интимна тајна од сопругот: „Никогаш не сум доживеала оргазам“ (18+)
Околу 10 до 15 отсто од жените во светот никогаш не доживуваат оргазам, а таков е и случајот со оваа Австралијка која признава дека 12 години е во брак со сопругот и постојано лаже дека го достигнала врвот.
Девојка од Австралија испратила искрена исповед до news.com.au каде ја открива тајната што 12 години ја крие од сопругот.
Нејзината исповед во целост:
„Со сопругот имаме добра врска, но имам еден проблем што постојано ме измачува. Во брак сме 12 години, но никогаш не сум доживеала оргазам со него.
Мислам дека никогаш и со никого не сум доживеала оргазам.
Најлошо е што никогаш не сум му признала. Секогаш кога ќе ме праша: ’дали доживеа оргазам?‘, јас само велам: ’да‘, бидејќи се срамам да кажам ’не‘. Сега ми е само многу тешко да му признаам.
Уживам во сексот (најчесто), но никогаш не сум го почувствувала оргазмот за којшто толку многу луѓе зборуваат. Како да го подобрам нашиот сексуален живот, без да му признаам дека го лажев сите овие години?“.
Според експертите на порталот каде е објавена исповедта, постојат повеќе причини зошто жените не говорат отворено за тоа што го бараат во сексот - не знаат што сакаат, се срамат од (недостатокот на) задоволството, не знаат како да го побараат тоа што го сакаат или се плашат да не ги повредат чувствата на партнерот.
Оттаму велат дека таа не мора да му ја открие тајната, но дека ќе мора да научи поотворено да разговара со партнерот.
За да открие што ѝ се допаѓа во сексот, ѝ се советува прво да истражи сама што е она што ѝ се допаѓа, без да го чувствува притисокот дека не смее да ги повреди неговите чувства.
Дури потоа следува искрен разговор со партнерот и обид за заедничко решавање на проблемот.
„Објаснете му на партнерот дека сакате повеќе да експериментирате во сексот заедно. Паровите што разговараат за сексот отворено и искрено, се позадоволни од интимниот живот од оние што не го прават тоа. Отворената сексуална комуникација вклучува разговори за сексот надвор од спалната соба.
Ова можеби ќе ви биде непријатно на почетокот, но со текот на времето станува полесно – а резултатите се неизбежни“ – гласи експертскиот совет.
Оттаму нагласуваат дека наместо да се прашуваме во што е проблемот, можеби е подобро и поефективно, доколку научиме како да ги искажеме сопствените потреби на позитивен начин и да побараме партнерот да биде вклучен.
Б. С. Б. | Црнобело/фото: depositphotos.com