Секогаш се расположени за секс и доживуваат оргазам истовремено – сексуални ситуации кои ги има само во филмовите
Речиси и да нема добар холивудски филм што задолжително нема и жешка секс сцена, а голем дел од нас очекуваат дека реалноста треба да биде иста како во филм. Кои се нереалните очекувања за сексот што ни се наметнати од филмовите?
Погледнете кои погрешни мислења најчесто се засновани врз погрешната перцепција од филмовите:
Ако сексот е добар ќе доживеете оргазам истовремено
Една од сцените што е мошне присутна во „50 нијанси“ е кога Ана и Кристијан речиси секогаш заедно доаѓаат до врвот.
Сепак, во реалноста мошне се ретки миговите кога и двајцата може да доживеат оргазам истовремено.
Освен тоа, се смета дека за време на сексот секој мора да доживее оргазам, а не дека тоа е само една од големиот број убавини на интимните мигови.
Сексот се одвива без никакви проблеми
На филм, секс-сцените течат како подмачкани, без никакви проблеми. Во реалноста нештата се малку поинакви. Може да ви се заглави ногата додека се обидувате да ги соблечете фармерките.
Понекогаш имате потреба да одите во тоалет за време на секс. Се случува и да кивнете за време на секс, па да почнете да се смеете.
Исто така, потребно е време за да се намести презервативот, а за секс-позите потребно е време и трпение додека да се наместите за да ви биде удобно. Овие случувања ретко ги гледаме во филмовите.
Првиот пат со новиот партнер е неверојатен
Секогаш е потребно повеќе време за да го запознаете партнерот, да се запознаете со неговите потреби, за да можете меѓусебно да се задоволите.
Тоа мошне тешко може да се случи за време на првиот пат кога ќе бидете интимни.
Кога сте за првпат со новиот партнер речиси секогаш и двајцата се чувствувате помалку непријатно и се срамите.
Секако, не значи дека некои парови не се почувствувале одлично уште првиот пат заедно, но тоа е реткост. Со текот на времето, најчесто и сексот станува повозбудлив.
Секогаш се расположени за секс
Во холивудските филмови речиси никогаш жените не ги „боли глава“ и секогаш се подготвени за акција.
Во реалноста на сите ни се случува понекогаш да сме заморени и да не сме расположени за да бидеме интимни со партнерот.
Некои денови многу повеќе сакаме да спиеме отколку да имаме секс, а други денови едноставно сме преоптоварени со обврски па на секс воопшто и не помислуваме.
Тоа не значи дека имаме проблеми во врската, туку дека имаме други приоритети.
По сексот, паровите не изгледаат како да имале секс
Дали ви се случило да се погледнете во огледало веднаш по сексот? Честопати се случува да се уплашиме од она што го гледаме: бушава фризура, зацрвенети во лицето, задишани. Кога некој би не видел во тој миг, веднаш би знаел дека сме имале секс.
Во филмовите најчесто фризурата останува недопрена, шминката не е размачкана и двајцата партнери изгледаат совршено.
Б. С. Б. | Црнобело