Исповед на жени: „Работи за сексот што посакувам да ги знаев во младоста“ (18+)
Постои некоја стигма кога станува збор за секс и жени – поради некои застарени верувања, многу жени се чувствуваат лошо ако сакаат секс и неретко му даваат приоритет на уживањето на партнерот на сметка на своето.
Но, и жените имаат право да уживаат во сексот и заслужуваат партнер кој ќе се потруди да ги задоволи.
Сексот е и тема што ретко се дискутира, па многу луѓе, и мажи и жени, самите откриваат некои работи бидејќи не им ги кажал никој.
Имајќи го ова на ум, корисник на Редит ги прашал жените кој секс совет би сакале некој да им го каже во младоста, наместо да го откријат сами.
Во продолжение најдобрите одговори:
„Не треба да се срамите од задоволството. Поминав многу време чувствувајќи срам, наместо да си дозволам да уживам со партнерот“.
„Не мора да значи дека првиот сексуален однос ќе биде болен – за некои е, за некои не е. Цел живот мислев дека првиот секс ќе биде многу болен бидејќи така ми кажале.
Но, не почувствував никаква болка и бев збунета. Би сакала да знаев дека тоа е нормално за да не бидам толку загрижена“.
„Комуницирајте! Не плашете се да му покажете на партнерот што сакате – само вие знаете што ви е најубаво. Мислам дека многу луѓе се срамат да зборуваат за ова или стравуваат дека ќе го навредат партнерот“.
„Дури и за време на најдобриот секс, обично има смешни непријатни ситуации. Сексот е само секс. Може да биде романтичен, може да биде вистинско уживање, а нормално е да биде и забавен и смешен“.
„Само затоа што и двајцата не викате како на порно филм, не значи дека сексот е лош (некогаш сексот е толку добар, што е тешко да испуштите звук)“.
„Не се жртвувајте за партнерот правејќи нешто што не сакате. Ако, на пример, не сакате анален секс, не се преправајте дека уживате. Штом не ви се допаѓал првите 20 пати, сигурно нема да ви се допаѓа подоцна“.
„Грлото на матката ја менува положбата во зависност од менструалниот циклус. Поради ова, некои секс-пози можат да бидат вистинско уживање некои денови, а некогаш да бидат болни. Ова е сосема нормално и не треба да ве загрижува ако не станува збор за постојана болка“.
„Глумењето нема да го направи сексот подобар. Ако избегнувате да зборувате за она што не ви се допаѓа, најверојатно ќе ја влошите ситуацијата. Не очекувајте партнерот да знае што треба да прави – секоја жена е различна и вие треба да му кажете што ви се допаѓа“.
„Само затоа што сте млади и треба да користите лубрикант, не значи дека нешто не е во ред со вас“.
„Чудните звуци се неизбежни за време на секс и во ред е да се насмеете!“
„Сексот станува подобар со возраста. Сега имам 33 години и многу повеќе уживам во сексот“.
„Секој маж на којшто му пречат срамните влакна е недораснат. Ако ти пречи што имам влакна, тогаш не сакам да имам секс со тебе“.
„Мислев дека треба да бидам слабичка за да уживам во некои пози, сè додека партнерот не ми го докажа спротивното“.
„Ако чекате да почувствувате болка за да ставите лубрикант, тогаш веќе сте задоцниле. Веројатно ќе ја чувствувате иритацијата неколку денови“.
„Во ред е да сакате да доживеете оргазам и заслужувате партнер кој вистински се обидува да ве задоволи“.
„Посакувам да знаев дека е сосема нормално за жена да сака и да ужива во сексот. Посакувам да знаев дека само затоа што уживам во сексот не значи дека сум ’неморална‘ девојка“.
Спирова С. | Црнобело