10 совети за мажите кои сакаат да бидат подобри во сексот (18+)
Ако не можете да издржите долго за време на чинот, обидете се со мастурбација пред тоа за потоа сексот да трае подолго и да успеете да ја задоволите партнерката.
Ако сте маж кој сака да ја подобри својата изведба во креветот, тогаш овие совети ќе ви одат во прилог.
Едноставни се, можеби и ги знаете, но сигурно ги подзаборавате на моменти.
Совети за подобра сексуална изведба:
- Комуницирајте со партнерката, прашувајте ја што сака, а што не сака, избегнувајте да потонете во рутина.
- При сексот користете ги рацете, устата и сè што треба, само пенетрација ѝ е здодевна на партнерката и не може да ја доведе до врвот.
- Истражувајте нови идеи – од гледање филмови за возрасни до читање еротски книги, идеи црпете од секаде.
- Инвестирајте време во предиграта, гледајте таа да биде и надвор од спалната соба – на пример уште додека сте на работа пишете ѝ што сакате да ѝ правите вечерва.
- Истражувајте разни ерогени зони, не се фокусирајте само на вагината – обидете се со вратот, внатрешната страна од бутот, стапалата, стимулација на брадавиците, секоја жена сака различни работи.
- Ако не можете да издржите долго за време на чинот, обидете се со мастурбација пред тоа за потоа сексот да трае подолго и да успеете да ја задоволите партнерката.
- Запомнете дека влажноста на партнерката е клучна за таа да ужива, па ако не успевате на природен начин поради разни причини, тогаш купете некој лубрикант на база на вода.
- Користете секс играчки, на жените им е потребна подолга стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам, а секс играчките може да помогнат при ова.
- Бидете храбри да се обидете да ги задоволите секс фантазиите на партнерката – ако сака да се обидете со врзување при сексот, зошто да не?
- Одложувајте го оргазмот за двајцата да имате помоќен и попријатен крај и никогаш немој да бидете себични во сексот и да го гледате само своето задоволство.
С. С. | Црнобело