„Количка“ – Секс поза што ветува повеќекратни оргазми кај партнерката (18+)
Ви се случило ли некогаш да видите некоја секс-поза на интернет и да се запрашате: „Дали ова е воопшто возможно ?“.
Секс позата „Градежна количка“ можеби ви изгледа малку необично и неизводливо, но таа има две верзии, а вие можете да одлучите која од нив ви одговара.
Оваа секс-поза е за сите оние што сакаат длабока пенетрација, но и за оние што се физички подготвени за неа, па бидете внимателни при изведбата.
„Количка“ со стоење
Кога станува збор за секс-позата „Количка со стоење“, тогаш најдобрата опција за да се наместите е партнерката да застане на сите четири екстремитети, а партнерот да застане зад неа и полека додека пенетрира да ѝ ги крене нозете на партнерката околу неговата половина и да го крене нејзиниот заден дел од телото.
Исто така можете да започнете и од стоечка позиција, па партнерката да се наведне и да се задржи за подот или креветот, додека партнерот ѝ ги крева нозете.
Во оваа поза доаѓа до длабока пенетрација и стимулирање на Г-точката кај партнерката со што се зголемува можноста за повеќекратни оргазми.
Сепак, станува збор за секс-поза за која ќе ви треба да бидете добро физички подготвени за да можете подолго време да издржите во таа позиција.
Бидете особено внимателни при изведба.
„Количка“ со седење
Доколку не сте особено физички подготвени, а сакате сепак да ја испробате оваа поза тогаш можете да се обидете со седечка положба.
Можете да почнете на кревет или на столче со позата превртена каубојка, па полека да ја носите партнерката надолу со предниот дел, за таа да се наведне кон подот.
Исто така можете да почнете и со количка со стоење, па доколку се изморите да седнете на најблиското столче или кревет.
Во оваа поза исто така ќе имате можност да ја почувствувате длабоката пенетрација, но нема да ви биде потребна толку голема физичка подготвеност, па ќе можете подолго време да уживате во истата.
Б. С. Б. | Црнобело