Начинот на кој се расправате открива многу за вашата врска – каков пар сте вие?

Што открива начинот на кој се расправате со партнерот за вас и вашиот однос? Во текот на многуте заеднички години поминати заедно, секој пар развива стој „стил“ на справување со проблемите.

Nachinot-na-koj-se-raspravate-otkriva-mnogu-za-vashata-vrska-01.jpg

Овој тип на динамика кога станува збор за кавгите открива многу за вас.

Позитивната страна во секоја кавга е што лутината ќе излезе на виделина наместо да ја чувате во себеси, но во таквата експлозивна состојба може да се кажат и многу зборови што неконтролирано ќе излезат од устата пред умот добро да ги размисли.

Што кажуваат вашите кавги за вас како пар?

Динамично дуо

Не постои сомнеж дека вашата врска е исполнета со многу страст, но и со многу драма. Никој не е сигурен кога работите почнале да се комплицираат. Добрата вест е што редовно од себе ги исфрлате чувствата на стрес, гнев и лутина.

Лошата е што во напливот на овие експлозивни емоции кажувате работи за кои подоцна зажалувате и двајцата.

„Ние не се расправаме никогаш“

Овие изјави се лажни и бесмислени и подобро ќе биде да не си верувате во своите лаги. На овој начин само ги потиснувате своите потреби поради партнерот.

Одвреме-навреме треба да се запрашате зошто никогаш не навлегувате во сериозни дискусии со партнерот.

Доколку никогаш не се расправате, потврдувате дека немате изградено сопствен идентитет и се идентификувате себеси само преку врската во којашто сте.

Аналитичари

Ги анализирате сите нешта до најмалата ситница, па најчесто се фокусирате повеќе на негативните отколку на позитивните аспекти во врската. Тешко наоѓате решенија за своите проблеми кои наместо да исчезнат уште толку се зголемуваат.

Ваквиот пристап честопати е проследен со осудување и речиси никогаш не го прашувате партнерот што мислел со изјавите и дејствијата, туку се водите од претпоставки.

Ова не води кон исцрпен, отворен дијалог туку директно следува нова кавга.

Едниот зборува – другиот бега

Доколку сте тип на пар во кој едниот постојано зборува, а другиот ја напушта просторијата и бега, време е за сериозни промени.

Партнерот кој бега од проблемите или ги бутка под тепихот само покажува дека не е подготвен за сериозна врска и не сака да се труди околу другиот.

Најдобро е на оној што бега да му се каже дека никој не го/ја обвинува за ништо, туку со заеднички сили треба да се пронајде решение и компромис, како зрели и рамноправни луѓе.

Молчење

Овој пар навистина никогаш не се расправа, а тишината е показател дека работите навистина не се во ред. Таа тензија ја чувствуваат не само партнерите, туку и сите во нивното друштво што ги прави да се чувствуваат неугодно.

Целосната тишина и отсуството од расправии е показател дека двајцата кренале раце од врската и немаат повеќе енергија ниту за кавга.

Најдобро е тишината да се прекине и да се пронајде нов начин за каква и да било комуникација, секако, доколку има желба за спас на врската.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg