„Питон“ - Секс позa што со сигурност ќе ја доведе партнерката до оргазам
Доколку сте од оние личности што бараат екстремно интимни секс пози, тогаш секс позата „питон“ е токму за вас.
Станува збор за мошне интимна и интензивна секс-поза што ќе ви овозможи цело време да се гледате во очи со партнерот, ќе ви помогне да се чувствувате поврзани со партнерот, но и да се чувствувате во целост задоволено.
Партнерот легнува испружен на креветот, а вие полека се спуштате врз него, при што треба во целост да бидете испружени врз него и да се гледате очи во очи.
По ова, го фаќате партнерот за раце и го поткревате горниот дел од телото, слично како змијата кога се подготвува за напад. Партнерот треба да ви помогне за да се поткренете со прстите на нозете со што ќе добиете поголема стимулација на клиторисот.
Поради интензивната стимулација на клиторисот за оваа позиција се вели дека многу лесно може да ја доведе партнерката до оргазам и до уживање, особено доколку таа е од оние жени што не можат да стигнат до врвот само со пенетрација.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com