Три работи што дамите не треба да ги прават пред секс
По депилација на интимните делови, најдобро воздржете се од секс барем 24 часа доколку сакате да ги избегнете иритациите на кожата.
Сексот треба да биде момент на задоволство и за двајцата партнери, но постојат некои работи или навики што можат да ви го расипат уживањето или да доведат до несакани последици по сексот.
Во продолжение погледнете кои три работи би требало да ги избегнувате пред секс:
Депилација
За време на сексуалниот однос, пределот околу препоните и на бедрата е изложен на триење и на прекумерно потење. Од овие причини би требало да избегнувате да се депилирате непосредно пред да имате секс затоа што можете дополнително да предизвикате иритација на овој дел од телото или воспаление.
Најдобро е 24 часа по депилацијата да се воздржите од секс.
Пиење лекови против алергија
Познато е дека лековите против алергија е најдобро да се земаат пред спиење затоа што тие максимално го опуштаат телото и ве прават поспани.
Дополнително, овој лек има силно влијание и врз слузокожата во телото, што придонесува за намалено лачење на вагинален секрет, поради што сексот може да биде мошне непријатен и болен.
Немојте да го одложувате одењето во тоалет
Дали ви се случило за време на секс да почувствувате силна потреба да одите во тоалет? Во таков момент не треба да трпите.
Со оглед на тоа што мочниот меур е сместен мошне блиску до интимните делови од вашето тело, сексот воопшто нема да ви биде пријатен и нема да се чувствувате опуштено.
Дополнително, поради тоа што каналите и мочниот меур ќе бидат оптоварени и полни со течност, постои голема опасност од воспаление.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com