Згоден фитнес тренер покажува вежби кои ќе ви помогнат да усовршите секс-техники (видео)
Постојат повеќе вежби што би можеле да ви помогнат во истегнување на телото и ќе ви овозможат да се „загреете“ за акробатски секс со цел да избегнете повреди, но и да ја подобрите техниката.
Уморни сте од постојано истите позиции во сексот, но кога ќе видите некои акробатски позиции, веднаш ве фаќа страв дека нема да можете да ги изведете истите и дека не сте доволно физички подготвени за нив?
Фитнес тренерот Патрик Тоуктери, на Инстаграм има 117.000 следбеници, а на неговиот профил на ТикТок одлучи да објави видео во кое ќе ги промовира вежбите што, според него, може веднаш да ги подобрат вашите вештини во секс.
Патрик редовно објавува нови вежби на своите профили на социјалните мрежи, а со последните вежби покажа како да ја подобрите подвижноста на колковите.
Во првата вежба треба да застанете на раце и на колена на земјата и лицето да ви биде насочено надолу, а грбот исправен.
По ова полека ги ширите колената колку можете повеќе. Во оваа позиција главна потпора треба да ви бидат колената. Кога ќе се поставите во оваа позиција, телото треба полека да го нишате нанапред и наназад.
Втората вежба, Патрик ја нарекува „отварач на колковите“. Треба да застанете потпрени повторно на рацете и на колениците со лицето свртено кон подот. По ова полека ја кревате ногата во страна и наназад правите кружно движење за да ги истегнете мускулите.
Во третата вежба, исто така за отворање на колковите, треба да седнете на подот, при што едната нога ќе ја свиткате нанапред, како да се подготвувате за „турско седнување“, а другата ја виткате наназад кон грбот. Рацете треба да се нанапред и во оваа позиција треба полека да се поткревате во „полу-седечка“ позиција.
И четвртата вежба е поткревање на нозете додека седите на земја зо исправен грб и со испружени нозе. Потоа полека ја поткревате едната нога нагоре, колку што можете повеќе.
Погледнете ги вежбите во видеото:
@patrick_toechterle BETTER SEX ?##fy ##fyp ##foryou ##foryoupage ##ukfit ##uktiktok ##ukfitfam ##hipmobilityexercise ##hipmoves ##hipmobilitywork ##onlinecoach ##ukfitness ##fittok
♬ Bad Habits - Ed Sheeran
Повеќе фотки од згодниот фитнес тренер:
Б. С. Б. | Црнобело