Не го „гушете“ кога излегува сам – Како да станете девојка од соништата на мажите?
Не заборавајте на комплиментите
Буквално секоја личност сака да слушне некој добар збор за себе, па не престанувајте да му давате комплименти на партнерот, без разлика колку долго сте заедно.
Без разлика дали ќе му дадете комплимент за неговата облека, неговиот изглед, неговиот професионален успех или што било, овие зборови дефинитивно ќе му го разубават денот и ќе му покажат дека го сакате.
Не го наметнувајте вашето мислење и заборавете на критиките
Нормално е да не се согласувате со партнерот за многу нешта, но никогаш немојте да го наметнувате вашето мислење или да го критикувате партнерот за неговото. Немојте да ги критикувате неговите хобија и интереси.
Можеби нема да најдете заеднички јазик за многу нешта, но во овие ситуации важно е да покажете разбирање и да сфатите дека вие сте различни личности со различни мислења, потреби и желби.
Најдете време за заеднички активности
Можеби живеете со партнерот со години, но дали минувате квалитетно заедничко време? Дали наоѓате време за заеднички активности како, на пример, готвење?
Заедничките активности дополнително ќе ве зближат со партнерот, сигурно ќе ви го подобрат расположението и ќе ја направат вашата врска многу постабилна.
Заборавете на недостатоците на партнерот
Буквално никој не е совршен, па не треба ни од партнерот да очекувате да биде совршен. Немојте да му замерувате ако качил некој килограм, заборавил да ги стави чорапите за перење или заборавил да купи нешто од продавница.
Ако вистински го сакате вашиот партнер, тогаш без проблем ќе ги прифатите и сите негови мали, неважни недостатоци и нема да трагате по совршенство.
Спирова С. | Црнобело