„Најлошото место на кое имав секс и кое дефинитивно не го препорачувам“
„Во базен. Водата не е добар лубрикант, плус има хлор и бактерии. Следуваа инфекции.“
Кое е најлудото место на кое сте имале секс? Би ја повториле ли таа авантура?
Некои луѓе ги споделуваат своите немили искуства.
Луѓе откриваат: „Најлошото место на кое имав секс и кое дефинитивно не го препорачувам“:
„На пијано, многу е некомфорно и воопшто не беше искуството кое го замислував.“
„На градилиште на ветровит ден. Леташе прашина насекаде.“
„Во празен вагон од воз. Во моментот штом се наместивме возот застана на станица и толпа луѓе од станицата зјапаше во нас низ прозорецот.“
„На ќебе покрај езеро. Звучи романтично, нели? И на комарците исто.“
„Во базен. Водата не е добар лубрикант, плус има хлор и бактерии. Следуваа инфекции.“
„На раб од карпа, погледот беше прекрасен, но беше навистина опасно и потоа колената ме болеа од тврдата подлога.“
„На сено во штала за коњи. Следниот ден се разбудив со црвенило и чешање на кожата.“
„Кожен кауч на врел летен ден. До денес паметам како кожата ни се лепеше на него.“
„Куќата на нејзината баба. Сè во врска со тој ден чувствував дека е погрешно. Семејните слики насекаде, помислата на стресот што би го доживеала баба ѝ ако нè фати... Никогаш повторно.“
„Тоалет во авион. Си ја исполнивме фантазијата, но никогаш повторно. Беше тесно, нечисто, непријатно...“
„На карпа во океан. Беше лизгава и си направивме рани на кожата.“
„Во тоалет на забава. Имаше само еден тоалет во вилата, па луѓе ни тропаа на врата да излеземе.“
С. С. | Црнобело