Лоши вечерни навики поради кои немате редовен секс
Ако сексуалниот живот со партнерот одеднаш замре, пред да почнете со експериментирање, размислете какви ви се вечерните навики.
Овие грешки обично ги доведуваат паровите до подолги периоди без секс:
1. Во кревет зборувате за дневните обврски
Здодевните разговори за дневните обврски и проблеми оставете ги за друг дел од денот, во друга просторија.
Пред спиење, нема да развиете никаква паметна стратегија, освен што ќе ја уништите желбата за секс.
2. Гледате во телефонот
35% од луѓето заспиваат со телефонот во рака и токму оваа навика ги одбива партнерите да иницираат секс.
3. Им дозволувате на милениците или децата да спијат во брачниот кревет
Секој треба да се навикне на својот кревет, без разлика дали се работи за куче или дете.
4. Не ја одржувате хигиената на спалната соба
Ако спалната соба е местото каде ја собирате и трупате валканата облека или ги фрлате сите работи кои не сакате да ги видат гостите – тогаш тоа е сериозен проблем.
5. Работите во спалната
Рамнотежата помеѓу интимниот, приватен живот е нарушена и тоа сериозно доколку лаптопот или документите ги носите во спалната.
Мејловите и повиците се прават исклучиво од канцеларија или во друг дел од денот.
М. Д. | Црнобело