Кое е најдоброто место за секс за време на летните горештини? (18+)
Кое место од домот би било најдобро доколку сакате да имате секс за време на летните горештини? Дали е тоа спалната соба, бањата или можеби некое друго место?
Кога ќе надојдат летните горештини на некои од нас воопшто не ни паѓа на ум поимот секс. Топло ни е, не можеме да ја поднесеме ниту прекривката, а ниту да замислиме да бидеме во близина на друго тело, односно на партнерот.
Па, со цел да не се откажеме од романтичните моменти, најдобро е да се најде идеално решени.
Експертот за врски од Обединетото Кралство Анабел Најт има одговор на прашањето кое место во домот е најдобро за секс за време на летните горештини?.
Според неа, во летните горештини најдобро е да одберете секс во кујна.
Студената работна маса, во близина на ладилникот е најдоброто место за размена на нежности според неа.
„Преместете го сексот од спалната соба во кујната и тоа е особено добро доколку имате работна маса во близина на ладилникот. Можете да ја отворите и вратата од ладилникот и имате ладење веднаш додека сте ’во акција‘“ – советува таа.
Според неа, доколку во близина на ладилникот немате работна маса, тогаш може тоа да го направите и на подот, но секако треба да се осигурате дека прозорците ви се затемнети.
Иако можеби не ви звучи како идеално решение, сепак е нешто што би направило да се подзамислиме ситуацијата во домот е критична кога станува збор за летните температури.
Таа исто така препорачува да користите и чаршафи и долна облека изработени од материјали што дишат, како свила, памук и лен, за да се спасите колку-толку од горештините.
Погледнете и 5 секс пози со ефект на „разладување“
Б. С. Б. | Црнобело