11 работи за кои жените копнеат во сексот
Добра комуникација и заинтересираност од страна на партнерот дали сѐ е во ред при сексот. Реалистични очекувања од нив, а не очекувања како од порно ѕвезда.
Далеку од тоа дека постои магична листа со трикови која ќе направи жената да ја изгуби главата во креветот.
Секоја жена е различна и сака различни работи.
Сепак, постојат некои работи што кај повеќето жени го подобруваат сексуалното расположение.
Работи кои жените ги сакаат во креветот:
- Амбиентална музика за секс.
- Апсолутно да нема притисок врз неа за ништо од типот „Блиску ли си до оргазам?“.
- Работите да се одвиваат бавно и постепено, а не како на трка.
- Партнерот да не биде себичен и нивните потреби да ги става на прво место.
- Да не чувствуваат страв дека ќе бидат осудени за било што, од типот на вишок килограми или некое однесување или сексуална фантазија.
- Орален секс при кој партнерот ќе покаже ентузијазам.
- Отвореност за нивните сексуални идеи.
- Прикажување на вокален ентузијазам.
- Добра комуникација и заинтересираност од страна на партнерот дали сѐ е во ред при сексот.
- Добра хигиена и на партнерот и на креветот.
- Реалистични очекувања од нив, а не очекувања како од порно ѕвезда.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com