Должината е најважна, мажите постојано мислат на секс – експерт ги побива митовите кои го уништуваат уживањето во сексот
Факт е дека постојат безброј митови поврзани со сексот кои не само што го уништуваат уживањето, туку можат и да бидат опасни. Но, затоа овде се експертите кои можат да ни кажат што е точно, а што не.
Секс терапевтот и експерт Трејси Кокс за Daily Mail ги споделува најчестите митови и заблуди во врска со сексот, кои можат да ви го уништат уживањето во спалната соба.
Погледнете дел од нив:
Мажите не можат да доживеат оргазам без ејакулација
Според Трејси, луѓето се најмногу изненадени кога ќе дознаат дека мажите можат да доживеат оргазам без ејакулација. Повеќето сметаат дека оргазмот и ејакулацијата се исто нешто, но Трејси вели дека тоа се два сосема различни процеси.
Ејакулацијата настанува во простатата и мочниот канал, кога контракциите на мускулите ја исфрлаат семената течност од телото. Од друга страна, оргазмот настанува во мозокот.
Трејси вели дека во мозочните скенирања, оргазмот изгледа и како епилептичен напад, односно како „бура“ од електрични импулси низ мозокот. 2-3 секунди подоцна, настапува ејакулацијата. Поради ова, мажот дефинитивно може да доживее оргазам без ејакулација, и обратно.
Трејси споделува и истражување направено на оваа тема, кое покажало дека 12% од испитаните доживеале оргазам без да ејакулираат и без да ја изгубат ерекцијата.
Задачата на партнерот е да ве возбуди
Трејси вели дека иако многу луѓе веруваат дека нивниот партнер треба сексуално да ги возбуди, ова е погрешно. Всушност, многу е подобро и вие самите да поработите на вашата возбуда за поголемо уживање.
„Возбудете се самите, дали со допирање, користење играчки за возрасни, фантазирање и слично – ова ќе ви даде контрола во сексот. Ова е особено важно за жените. Жените кои добро ги познаваат своите тела и знаат како да се возбудат самите имаат подобар сексуален живот“, вели Трејси.
Мажите помислуваат на секс на секои седум секунди
Сигурно досега сте го слушнале овој мит, но нема буквално никакво истражување што го потврдува.
„Ако ова е точно, тогаш мажите би помислувале на секс 500 пати во еден час и над 8.000 пати додека се будни во текот на денот“.
Наводно, овој мит потекнува од истражување во кое 54% од испитаниците одговориле дека помислуваат на секс неколкупати во текот на денот. Ова воопшто не значи дека мислат на секс на секои седум секунди.
Трејси вели дека е направено уште едно слично истражување, во Ohio State University, каде што неколку студенти требало да ги запишуваат нивните мисли во текот на денот, и тоа за секс, храна и спиење. Според резултатите, мажите помислувале на секс 19 пати дневно, а жените 10.
Само мажите доживуваат ерекција
Уште еден мит што можеби ќе ве изненади. И жените доживуваат ерекција, но таа не е видлива како кај мажите.
„Клиторисот е направен од истото сунѓересто еректилно ткиво како пенисот, кое се зголемува и полни со крв кога сме сексуално возбудени. Клиторисот визуелно се зголемува кога е стимулиран“.
Сексот може да го забрза породувањето
Овој мит неретко го гледаме во филмовите – ако жената сака да се породи побрзо, лекарот ja советува да има секс. Но, Трејси вели дека неодамнешно истражување го покажало спротивното. Односно, сексот може да го одложи породувањето.
Според истражувањето, жените кои биле сексуално активни во последните три недели од бременоста во просек ги носеле бебињата по 39,9 недели. Жените кои немале секс овој период ги носеле бебињата по 39,3 недели.
Колку повеќе партнери има една жена, толку е поширока нејзината вагина
Вагиналниот канал е мускул кој може да се шири, а потоа да се стесни, односно да се врати во првобитната форма и големина.
„Имањето многу партнери, партнер со голем пенис и слично нема влијание врз ширината на вашата вагина. Вагината е многу отпорна и нејзините форма и големина немаат врска со вашата сексуална историја“, вели Трејси.
Ако имате фетиш, нема да уживате во сексот без него
Многу луѓе имаат фетиши, но погрешно е дека не можат да уживаат во сексот без нив. Според Трејси, иако остварувањето на овие фантазии можеби ќе им донесе поголемо задоволство, тие уживаат и во сексот без фетиш.
„За повеќето луѓе фетишите не се нешто што мораат да го направат, туку се само работи што ги сакаат повеќе“.
Пенисот не може да се скрши
Трејси вели дека ова дефинитивно е лага, бидејќи и самата се нашла во иста ситуација со нејзиниот сопруг.
Фрактурите на пенисот се реална појава и обично се случуваат кога партнерите ја менуваат положбата среде пенетрација. Некогаш и „поагресивниот“ секс може да биде причина за скршен пенис.
Должината е поважна од обемот
Според Трејси, иако мажите се најзагрижени за должината, на жените им е многу поважен обемот на пенисот. Ова го покажале и неколку истражувања, каде што значително поголем дел од жените изјавиле дека им е поважен обемот.
„Анатомски, ова има смисла. Вагината има механорецептори, па колку е поголем обемот на пенисот, толку повеќе ги стимулира нервните завршетоци. Исто така, колку е поширок пенисот, толку е поголема можноста за индиректна стимулација на клиторисот за време на секс“.
Спирова С. | Црнобело