7 причини зошто сексот по 40-тата е најдобар
Љубовта добива смисла дури во зрелите години...
Шејн Вотсон, експерт за врски и односи помеѓу партнерите и автор на книгата „Како да запознаете партнер по четириесеттата година“, која всушност и самата се омажила по оваа возраст, изјавува дека сексот станува подобар со текот на возраста, а еве и зошто:
Срамежливоста повеќе не претставува проблем
По 40-тата година, жените вообичаено веднаш преоѓаат на поентата, бидејќи срамежливоста или недостатокот на искуство повеќе не претставуваат проблем.
Го кажуваат она што го мислат
„Денес сум премногу уморна, може ли да го одложиме тоа за утре?“. Ова е сосема природна реакција на зрелите жени кои не се плашат од погрешните реакции на мажите.
Се смеат дури и во непријатни ситуации
Кога ќе добијат грч или ќе се најдат во некаква смешна поза, жените постари од 40 години немаат проблем да се насмеат на сопствена сметка, бидејќи самодовербата сега им е многу поголема за разлика од младоста.
Жените на оваа возраст се потрезвени
Со возраста, доаѓа одредена доза на трезвеност и смиреност, што остава впечаток на жена која знае што сака и каква е нејзината улога во животот, а ова особено ги привлекува мажите.
Тие се поотворени
Кога ќе достигнат одредена возраст, жените повеќе немаат причина да се двоумат околу темите поврзани со сексот.
Прават попаметни избори
Искусната жена знае како да го избере вистинскиот партнер – оној со кого ќе биде компатибилна и емоционално и сексуално, а со тоа се намалуваат шансите нешто да тргне наопаку во врската.
Свесни се за своите квалитети
Жената која веќе наполнила 40 години точно знае кои се нејзините квалитети, а кои се нејзините маани. Свесна е за својот физички изглед и зрачи со сигурна доза на сексапил, за разлика од младите девојки кои најчесто се соочуваат со бројни несигурности предизвикани од незадоволството од сопственото тело.
(О)Милена | Црнобело