Искрена, машка исповед: „Откако земавме куче, сексот ни стана спектакуларен“

Еден колумнист и новинар по име Џејмс Мортајмер за порталот YourTango опишал како едно кутре успеало да му ја врати возбудата во сексуалниот живот со неговата сопруга.

iskrena-mashka-ispoved-otkako-zemavme-kuche-seksot-ni-se-promeni-spektakularno-001.jpg

Неговата исповед гласи:

„Пред 2 месеци немавме куче, а со сопругата немавме добар сексуален живот.

- Што мислиш за ова кутре? Погледни колку е слатко, ме прашуваше додека ми го туркаше мобилниот екран пред лицето.

- Нема да земеме куче, реков автоматски, без да погледнам во екранот.

Веќе 12 години ја имаме истата расправија. Таа сака куче, јас не.

Изградив и софистицирани причини за тоа – неуредни се, лаат, го џвакаат мебелот...

Помеѓу другото, илјадници години постоела чесната размена помеѓу човекот и кучето. Сега, само ги разгалуваме, гласеше еден од аргументите.

- Океј, сакаш чесна размена, ајде да разговараме за чесна размена. Која е твојата цена? – ми рече сопругата.

Како, како? – збунето ја прашав.

- Ако земеме куче, што сакаш да добиеш заради тоа? – ме праша уште подиректно.

Мислев дека се шегува, но ја имаше онаа весела искра во очите. Знаеше што сакам. И јас знаев дека таа знае што сакам. Само седев со глупав израз на лицето, кој секогаш го имам кога нешто точно сакам од неа.

- Океј, ајде да видам дали можам да те убедам, по што ме фати за рака и ме однесе во спалната.

Да ја скратам приказната – сега имаме малечко кутре. Покрај тоа, еднаш неделно добивам и орален секс како наплата.

Пред да ме карактеризирате како шовинистичка свиња, морам да ви кажам неколку работи.

Како прво, го сакам нашето ново кутре. Океј, лажам, го обожавам. Слатко е, мекано и веќе не можам да го замислам домот без него.

Но, го обожавам и тоа што мојата сопруга која отсекогаш безволно ми пружала орален секс, сфати дека ужива во тоа и сама ми призна со големо изненадување.

Со други зборови, секој од нас по малку жртвуваше, а многу добивме за возврат.

Не само што имаме нов член во семејството, туку имаме и многу повеќе секс, многу подобар секс.

Но, тоа воопшто не е поентата. Поентата е што ако тргнавте да го читате ова мислејќи дека ќе ја подмитите сопругата како би добивале редовен секс, погрешно ме разбравте. Врските не функционираат низ манипулации, тие траат преку доверба.

И понекогаш мора да најдете интересни начини како би ја тестирале довербата.

Безусловна љубов. Сите сме го слушнале тоа дека љубовта е најчиста кога е безусловна. Тоа е слатко и сентиментално, но и по малку досадно.

Мислам дека после 12 години брак колку што сме заедно, конечно ја пронајдовме рамнотежата помеѓу безусловната љубов и условите.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg