Знак за здрава врска: 5 кавги кои ги поминуваат „ама баш“ сите парови
Проблемите во врската или бракот не само што се неизбежни, туку се и потполно нормални, исто како и кавгите кои настануваат поради одредени недоразбирања.
А, ова се 5 теми на кои сите парови се расправаат во одреден дел од животот, а ако имате здрава врска во која комуницирате, и вие ќе ги поминете:
1. Расправа околу трошењето на парите
Дури и најсложните парови еднаш ќе западнат во замката на проблемот кој колку заработува и кој колку троши. Тука често се работи за различно вреднување на работите и за различни приоритети.
2. Расправа околу секс
Парот кој нема секс е ранлив пар кога постои голема асиметрија во важите желби – тоа е сериозен проблем. Но, кратките „паузи“ се сосема нормални и очекувани во одредени периоди од животот. Само е важно да зборувате.
3. Кавга околу начинот на лутење
Сите се лутиме различно – некој потиснува додека работите не се прелијат, додека друг знае да префла за секаква ситница. Овие кавги за начинот на кој се лутите се неизбежни, но само додека ги кажувате работите кои ви пречат најотворено.
4. Кавга околу улогата на родителите во вашиот заеднички живот
Ве излудува што мајката на партнерот секоја недела ви доаѓа на ручек? Ве вади од такт што таткото на девојката ви ѕвони на врата ненајавен? Клучот на овие кавги лежи во тоа никогаш да не се критикувате еден со друг, туку да сфатите дека сте вие двајца против „проблемот“ и да најдете решение во кое никој нема да остане навреден.
5. Расправа околу домашните обврски
Еден од најтешките разговори кој секој пар мора да го направи е распоредување на секојдневните обврски.
М. Д. | Црнобело