„Се надевам ќе те откачи“ - маж доби критики за себичното однесување кон партнерката
„Почнуваат да ми ѕвонат моите аларми, им стискам „snooze“ затоа што ги навивам толку рано, па кога ќе заѕвонат знам дека имам уште време за спиење, но ова ја буди и таа е бесна на мене“ е дел од исповедтта на овој маж.
Дали и вие се карате со партнерот поради утринските ритуали или го усогласивте начинот на функционирање наутро?
Маж на Reddit се пожали што му се случува дома и на крајот беше осуден од другите корисници за себичното однесување.
„Еве кои се моите проблеми, татко ми работи на исто место како и јас, па вообичаено ми пишува порака наутро за да се осигура дали сум буден и продолжува да ми пишува сѐ додека конечно не му одговорам. Гласот на телефонот ми е наместен така за да можам да го слушнам.
Многупати не одговарам на првата и веќе на втората порака мојата партнерка се буди. Потоа почнуваат да ми ѕвонат моите аларми. Им стискам „snooze“ затоа што ги навивам толку рано, па кога ќе заѕвонат знам дека имам уште време за спиење. Ова исто така ја буди, но едноставно мене тоа ми е дел од утринската рутина.“
Потоа тој додава дека неговата партнерка има навистина лесен сон и откако еднаш ќе се разбуди не може да заспие и е лута на него затоа што е истоштетна.
Тој завршува: „Но, јас ѝ велам дека ќе мора да се научи да живее со мојата рутина.“
Поголемиот дел од Reddit корисниците го осудија однесувањето на овој маж.
Дел од коментарите се: „Толку си себичен и немаш почит кон неа“, „Се надевам дека ќе те откачи“, „Престани да ѝ вршиш тортура на твојата девојка“.
Имате ли вие проблем од овој тип?
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com