Лесно е да се сакате на почетокот кога сè е медено, ама сакајте се и кога ќе стигнат сметките и кредитите

Има ли нешто поубаво од почетокот на една љубовна врска? Одеднаш животот почнувате да го гледате низ розови очила. Сè е убаво, сè е лесно, сè е медено. На лицето имате растегнато насмевка која не се симнува за ништо на светот. Важна ви е само среќата на партнерот. Како да го насмеете. Како да го расположите. Како да го израдувате со поубав подарок.

Lesno-e-da-se-sakas-na-pocetokot-01.jpgфото: pixabay.com

Важно ви е како изгледате и како ве доживува. Давате сè од себе да се прикажете во најдоброто можно светло пред него или неа.

Не, вие не сте суштество со нормални човечки потреби кое мора да оди во тоалетот по голема нужда. Ќе си почекате додека стигнете дома. Не, вие не можете да изедете огромен хамбургер, па дури и два. Не, вие речиси никогаш не ја губите контролата и не ви доаѓа да скршите чаша или чинија од бес и нервоза.

Овој е периодот на т.н. пеперутки во стомакот и мало „филување“ на реалноста. Љубовта ве тера да бидете подобри, понасмеани, поведри, поамбициозни за да го освоите срцето на партнерот.

Па тука се и првите викенди и одмори, каде што по некое непишано правило сè изгледа совршено. Дури и на најкатастрофалниот одмор му се прилепуваат зборовите романтично и незаборавно.

Навистина, лесно е да се сакаш во врска. Дома си, со твоите, со покрив над главата. Заработуваш онолку колку што заработуваш, но генерално парите не треба да ги делиш со никого. Немаш особени грижи и проблеми. Љубовта со партнерот „цвета“. Сè е идилично.

Лесно е да се сакаш на почетокот кога работите течат мазно како мед. Љубовта станува комплицирана подоцна. Кога започнуваш да живееш со некого. Кога нема (и буквално и метафорично) каде да ја скриеш нечистата долна облека. Кога доаѓаат сметките и кредитите.

Кога дури ни две плати не се доволно за да се закрпи месецот. Кога се расипуваат работите низ куќа во последните 3 дена од месецот пред плата. Кога некој ќе го чукне автомобилот.

Љубовта е комплицирана кога некој се разболува. Кога мора да бдееш над него или неа, проверувајќи дали има температура. Љубовта е комплицирана кога се чувствуваш празно и тажно, како да ти потонал целиот свет и немаш сили ниту да станеш од креветот, ниту да се облечеш додека партнерот ти носи чај во креветот.

Љубовта не е ни малку розова кога се започнуваат расправии за децата, сметките, обврските, роднините, родителите на едниот и другиот, како во некој маѓепсан круг од кој нема излез.

Љубовта дефинитивно не потсетува на мед кога се надвикувате еден со друг без да умеете да се сослушате или пак двајцата тонете во тишина која е пострашна и погласна од расправијата.

Љубовта ќе постави препреки и тестови, ќе се менуваат навики, ќе се менуваат физичките изгледи. Некој ќе стане послаб, некој ќе се здебели. Некој одеднаш ќе посака да се дружи повеќе, а другиот да остане дома и да гледа филмови.

Во одредени периоди некој ќе е посреќен од другиот и обратно. Во одредени двајцата партнери ќе се среќни, а во некои денови над нив ќе надвиснат темни облаци од кои навидум дождот никогаш нема да престане да врне.

Но, за ваквата љубов, онаа комплицираната, „тешката“, онаа која бара жртви и компромиси, и труд и трпение, и време и внимание, и комуникација и почит, и искреност и премолчување кога дури и тоа е потребно, за љубовта која те крева кога ти е најтешко и ти дава причина да живееш, за таа љубов вреди да се бориш.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg