12 шеговити знаци дека не сте имале секс многу одамна
Не се сеќавате кога последен пат се избричивте/издеплииравте. Се фаќате како размислувате да им пишете на некои поранешни партнери со кои не сте зборувале најмалку 5 години.
Се сеќавате ли кога сте имале секс последно? Ви изгледа ли како тоа да било пред цела вечност?
Ајде да се пошегуваме малку на темата, без лутење и сериозно сфаќање...
Шеговити знаци дека не сте имале секс многу одамна:
- Не се сеќавате кога последен пат ги исправте чаршафите во креветот и целите се истуткани.
- Можно е да ви поминал рокот на кондомите, стојат во фиоката цела вечност.
- Не се сеќавате кога последен пат се избричивте/издепилиравте.
- Кога ќе помине пар покрај вас, веднаш си замислувате како изгледаат за време на акција во креветот.
- Наеднаш сите ви се секси, и младиот/ата шанкер/ка и 50-годишниот колега/колешка од работа.
- Пукате за разни ситници без причина, да, тоа е сексуална фрустрација.
- Се фаќате како размислувате да им пишете на некои поранешни партнери со кои не сте зборувале најмалку 5 години.
- Му се јавувате на „пријателот/ката за секс“ од лани и дознавате дека се оженил/омажила.
- Кога гледате еротски сцени во филмовите, неверојатно се возбудувате.
- Станавте експерт за мастурбација, толку сте добри со сопствената рака, што мислите дека никој никогаш нема да може да го направи тоа подобро од вас.
- Повеќе не се сеќавате како беше да ја чувствувате тежината на друга личност над вас.
- Јадењето пица во кревет е најголемото задоволство во кревет кое сте го доживеале во последно време.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com