8 знаци дека сте во брак без љубов
Бракот без љубов честопати е исцрпувачки. За жал, многу парови не се ни свесни дека се во ваква заедница.
фото: freepik.com
Како да препознаете дали е моментална криза или сепак се работи за брак во кој повеќе не постои љубов?
1. Во бракот без љубов е многу тешко да комуницирате љубезно и со внимание. Обично, во него секоја дискусија завршува со кавга.
2. Во бракот без љубов има многу тишина која не значи мир, туку – незаинтересираност.
3. Четири главни карактеристики на бракот без љубов се: критики на сите страни, одбрамбени реакции, исмејување и градење на бариера.
4. Во бракот без љубов сексот повеќе не е ни тема на дискусија.
5. Квалитетно поминатото време повеќе не постои, но истовремено и не ви е грижа за тоа.
6. Честопати и двајцата партнери си ја игнорираат интуицијата.
7. Во бракот во кој повеќе нема љубов, ниту една од страните не презема конкретни чекори за нешто да се промени.
8. Многу често и двајцата партнери си фантазираат колку би им било подобро да се сами.
М. Д. | Црнобело