После колку месеци заедно паровите се опуштаат и излегуваат од комфор зоната?
Секој кој бил во малку подолга врска, знае дека работите се менуваат со текот на времето.
Па, после колку месеци за првпат дечковците си ја гледаат девојката без шминка за првпат? После колку време девојката престанува да се депилира и се опушта?
Според едно истражување спроведено во Велика Британија на 2.000 анкетирани луѓе, ова е просекот после колку време паровите ја напуштаат својата комфор зона:
Кога е време да ги запознаеш пријателите на твојот партнер? - 4 месеци.
Кога е во ред за првпат да почнете да ја делите храната? - 4 месеци.
Кога девојката смета дека е време да се појави пред дечкото без шминка? - 5 месеци.
После колку време е во ред партнерот да ја остави четката за заби кај вас? - 6 месеци.
Кога ќе му/ѝ го кажете пасвордот од Netflix и слични акаунти за забава? - 9 месеци.
Кога девојките се опуштаат и престануваат да се бричат? - 12 месеци.
Кога престануваат да се облекуваат за да го импресионираат партнерот? - 12 месеци.
Кога е во ред за првпат да го чепнеш телефонот на партнерот? - 12 месеци.
После колку време е во ред да побарате клуч од домот на партнерот? - 12 месеци.
Престанувате да се грижите за својата тежина после... - 15 месеци.
Решаваат дека е време за посериозен чекор...
Времето е различно за секој пар, а зависи и од тоа дали станува збор за машко или женско, но просекот колку време треба да помине пред посериозен чекор е следниот:
6 месеци пред да си ги запознаат семејствата,
9 месеци пред да заминат на прв заеднички одмор,
На девојките им требаат 17 месеци поминати заедно за заедничко живеење, но на мажите 15 месеци,
22 месеци за запросување,
2,5 до 2,9 години за брак.
М. Д. | Црнобело