Што треба да знаете за сексот за време на менструација?
Иако за некои претставува табу, сексот за време на менструација станува сè почест,па не треба да бидат осудувани ниту оние кои го практикуваат, ниту оние кои од разни причини го избегнуваат.
Според експертите, нема здравствени причини за да го избегнувате сексот за време на менструација и воглавно не се разликува од односот во другите денови од месецот, но важно е жената сама да процени дали обилноста на менструацијата ѝ дозволува да има сексуален однос.
Исто така, многу жени имаат забележано дека сексуалниот однос им ги намалува менструалните болки, што значи покрај уживањето, сексот за време на менструација може да ви биде и од корист.
Во овој случај, најважно е и вие и партнерот да е чувствувате удобно, но сепак треба да обрнете внимание и на некои работи:
Заштита од несакана бременост
Шансите да забремените за време на менструација се многу мали, но сепак постојат. Значи, морате да користите некаква заштита.
Обично жените овулираат околу 14-иот ден од менструалниот циклус, но поради разни фактори, овулацијата може да настане и порано – некогаш и веднаш после менструацијата. А, бидејќи спермата може да „преживее“ во женското тело неколку денови, тогаш се отвора можност за бременост.
Неколку совети за секс за време на менструација
- Ако досега сте немале секс за време на менструација, важно е да знаете дека можете да направите неред. За да го решите овој проблем, можете да ставите крпа или што било под вас. Ако сакате да експериментирате, можете да имате и секс под туш - така е и најбезбедно кога станува збор за неред.
- Ако сакате да му предложите на партнерот да имате секс за време на менструација, само бидете отворени. Воглавно, на мажите воопшто не им претставува проблем тоа што партнерката има менструација, но сепак е пожелно да не се практикува во деновите кога имате обилно крвавење.
- Ако имате менструални болки, некои пози можеби нема да ви бидат пријатни, па важно е да бидете отворени и да му кажете на партнерот што не ви се допаѓа. За повеќето жени, мисионерската поза е најдобра за време на менструација. Истовремено, сексот може да ви ги ублажи менструалните болки, особено ако доживеете оргазам.
- Најдоброто кај овој секс е тоа што сигурно ќе немате проблеми со сувост на вагината, па уживањето може да биде уште поголемо.
- Важно е да знаете дека сексот за време на менструација не е ништо лошо или чудно, и голем број жени редовно го практикуваат. Штом и вие и партнерот се чувствувате удобно и уживате, нема потреба да ги избегнувате односите во „оние денови“. Сепак, доколку ви е неудобно, воопшто не значи дека треба да го практикувате.
Спирова С. | Црнобело