Женски исповеди: „Каков ми беше првиот секс по породувањето со царски рез?“
„Првиот пат не можев дури ниту да продолжам со чинот, болеше премногу. Не знам дали придонесе царскиот рез, но дефинтиивно бев поинаква…“
Веднаш по породување со царски рез, сексот ќе ви изгледа како последната работа што би ви паднала на ум, а не е ниту препорачлива.
Но, по некое време (докторите препорачуваат околу 6 седмици) желбата за интимен живот ќе почне да ви се враќа. Сепак, консултирајте се за вашиот случај со вашиот доктор.
Жени ги споделуваат искуствата од првото сексуално искуство по породувањето со царски рез:
„Првиот пат сексот ми изгледаше како нешто погрешно и некомфорно. Но, мислам дека причината не беше царскиот рез, туку хормоните и доењето. Наскоро сѐ се врати во најдобар ред.“
„Не се разликуваше нешто од сексот пред бременоста, само требаше да чекаме одреден период пред докторот да ми даде дозвола за да закрепнам комплетно. Се грижев за лузната затоа што ми изгледаше грда, но сопругот ме уверуваше дека нему не му е грижа.“
„Првиот пат не можев дури ниту да продолжам со чинот, болеше премногу. Не знам дали придонесе царскиот рез, но дефинтивно бев поинаква. Сексуалната желба ми беше нула и дури по една година ми се врати во нормала. Мислам дека доењето придонесе во голем дел за тоа.“
„По царскиот рез минаа околу 6 месеци пред да прекинам да чувствувам болка и да се вратам во нормала, искрено, не планирам да раѓам повеќе.“
„Сексот беше одличен, но поинаков од претходно. Правев сѐ како што кажа докторот за да не предизвикам некое воспаление. Не плашете се дека раѓањето на дете ќе ви го промени сексуалниот живот.“
С. С. | Црнобело