Кои навики ќе ве зближат со партнерот?
Колку и да звучи лесно, близината е тешка работа за одржување, посебно откако ќе помине долго време.
Па, ова се заеднички навики кои може да ви помогнат повторно да се зближите со партнерот или едноставно да не стигнете до точка каде ќе ви треба повторно зближување:
1. Маратон на филмови или серии
Задолжително е да одберете серија која ви се допаѓа и на двајцата, да ги исклучите светлата и да се стуткате под исто ќебе.
2. Одвоени активности
Контрадикторно, но вистинито. Поминувајте неколку часа во денот правејќи го она што вие го сакате и ве исполнува, за потоа да имате што да раскажете кога ќе се вратите дома.
3. Дегустирајте храна
И не заборавајте да навлезете во дискусија зошто одредено чоколадо или парче кашкавал повеќе ви се допаѓа од претходното.
4. Гол ден
Веќе ви е јасно – одберете еден ден каде ќе ја исклучите облеката од распоредот.
5. Направете СПА центар дома
И мажите сакаат да бидат негувани и релаксирани.
6. Јадете во кревет
Веројатно мразите трошки во креветот, но не е крај на светот ако повремено сте мрзеливи и малку неодговорни. Има време за чистење.
7. Пејте караоке
Не мора да одите во бар за да си направите караоке забава – доволни сте вие двајца и омилената плејлиста.
8. Туширајте се заедно
И тоа не мора да заврши со секс.
9. Одете во шопинг
Но, не по облека, туку по заеднички ситници за дома или вкусна, нова храна.
М. Д. | Црнобело