Што ако ве „обвинуваат“ за ванила секс? 9 предности на мисионерската поза за жените
Оваа традиционална поза е потценета, а всушност нуди низа придобивки.
Како што повеќе јавно се говори за сексот, така сѐ повеќе традиционалните пози како мисионерската ја губат репутацијата.
Љубителите на оваа поза се етикетирани дека се љубители на т.н. ванила секс, но таа дефинтивно има свои предности.
Кои се добрите страни на мисионерската поза:
- Од неа партнерот може брзо да премине на тоа орално да ве задоволува.
- Вложувате минимален напор, партнерот ве опсипува со внимание, а вие можете да си замислите сцена каква што сакате – на пример дека акцијата се случува на некоја егзотична плажа на пуст остров.
- Рацете ви се слободни, па може да му обрнете внимание на својот клиторис. Нежни допири никогаш не штетат.
- Без да кажете ниту збор, можете со рацете да го поместите на страна или пак да го прилагодите аголот на пенетрација.
- Косата нема да ви пречи, како кога вие сте одгоре.
- Доволно сте блиску за да можете да се бакнувате постојано. Можни се и бакнежи по вратот.
- Можете да го допирате по задникот, но и дискретно на тој начин да ја забрзувате или забавувате акцијата.
- Ќе одржувате контакт со очите и ќе си ги читате емоциите од лицата.
- Неговото тело врз вас ќе ви биде како топло ќебе, ќе се прегрнувате и ќе се чувствувате поврзани на едно поинтимно ниво.
С. С. | Црнобело