Време е да ја заборавите

vreme-e-da-ja-zaboravite-povekjeКога ќе дојде оној момент кога ќе сфатите дека е време да ја заборавите девојката која до тогаш ви значела се како да реагирате? Како да се...

 

...однесувате во тој момент и што да направите?

Не постои единствен одговор, но ситуацијата е препознатлива, бидејќи сите ние во живот сме имале барем една погрешна проценка кога зборуваме за избор на партнерка.

vreme-e-da-ja-zaboravite

Веќе подолго време чувствувате дека таа не се однесува исто. Нормално е ако не знаете дали е тоа само минлива криза или се работи за промена на чувствата.

Кога ќе се преиспитате себе си, ќе дојдете до заклучок дека таа ви значи и дека би сториле се за вашата врска да истрае, но тоа повеќе не е можно, всушност, можно е само до извесна граница. А таа граница е толку малку во однос на тоа што сте го имале претходно.

Со своето трпение нема да постигнете ништо ако таа отворено ви дава до знаење дека сака да ја прекине врската со вас.

Вие сакате да разговарате со неа, а таа цело време се однесува како да не и е важно, ве провоцира, отворено ви покажува дека таа приказна и е досадна, сака да ја смени темата.

Доколку и покрај моменталната ситуација повеќе време поминува на работа отколку со вас, ако никогаш нема време за вас, ако се правда дека е уморна и го одложува состанокот за друг ден, запрашајте се кога последен пат ви упатила некој комплимент или ви рекла дека ве сака!

Кога таа ќе почне да ги заборава важните датуми, време е вие да ја заборавите неа. Најдобар показател за тоа е фактот што порано таа се грижела да не ве остави сам, а сега би правела се друго само да не биде интимна со вас.

Единствено што ви преостанува во тој момент е да го соберете остатокот од самодовербата, да и завртите грб и можеби дури и без збор да ја заборавите.

Можеби нејзината реакција после тоа ќе биде повик да се обидете повторно, но најверојатно нејзиниот немир бил само моментален хир. Доколку повеќе не се јави, знајте дека не сте погрешиле што сте ја избришале од сеќавањата.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg