Почит кон бившата девојка
Чувствувате дека на вашата врска и се ближи крајот. Нема страст, плановите повеќе не се исти, сè помалку теми за разговор. Сепак таа е прекрасна личност...
...и сакате да ја сочувате како пријател.
После љубовта, тоа не е лесно, но некому му поаѓа од рака. Како?
Трудете се да бидете искрени и при тоа не заборавајте на нејзината гордост. Жените се многу осетливи кога некој ќе ги остави.
Сигурно ќе страдаат поради крајот на врската, но пред сè ќе се чувствуваат понижено. Од моментот кога ќе донесете конечна одлука, трудете се да ја спроведете со многу почит. Секако, сè мора да се изведе во четири очи, телефон не доаѓа во предвид.
Без исклучок споменете ги сите нејзини добри страни, а приказната завршете ја дека врската станала напорна, и вам ви е тешко така да продолжите. Задолжително нагласете колку ви значела.
Извесно е дека нема веднаш да станете пријатели. Оставете ја малку да размисли сама. Да ја повикате уште утредента на кафе - би било пребргу. Некое време треба да ги избегнувате средбите.
Што се однесува до вашето окружување, бидете дискретни, бидејќи она што се случило помеѓу вас е ваша интимна работа. Ако баш сакате да му раскажете некому што се случило, кажете дека двајцата сте сфатиле дека е најдобро да раскинете.
Битно е да не се знае кој ја донел конечната одлука и за неа да зборувате во суперлатив.
Ако сте пронашле нова љубов, потрудете се да не ве види заедно. Сигурно ќе помисли дека сте ја нашле додека сте биле со неа во врска, а тоа ќе ја разочара. Најдобро ќе биде да и се јавите еден месец по раскинувањето.
Нормално, таа на почетокот ќе биде воздржана. Немојте да ја повикувате на интимни дружења, тоа нека биде излегување со друштво. Немојте премногу да и се доближувате и не зборувајте само со неа. Едноставно, со неа однесувајте се како и со сите други.
Никогаш немојте да ја прашате дали и е тешко, или дали добро се чувствува. Така само ќе ја понижите и дополнително ќе ја потсетите на тоа што се случило пред неколку недели.
Кога ќе станете пријатели, ќе се изненадите за колку сè работи со неа можете да зборувате, да и се доверите, па и да побарате совет. Секако, услов е таа успешно да го надминала раскинувањето со вас.